Македонија
(Видео) НАТО со честитка за Денот на независноста: „Да прославиме заедно“

НАТО Алијансата упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.
„Ретвитнете за да се приклучите во прославувањето на нашиот сојузник Северна Македонија на Денот на независноста“, се вели во објавата на официјалниот профил на НАТО на платформата „Х“.
Retweet to join us in celebrating our Ally 🇲🇰 #NorthMacedonia on #IndependenceDay
🤝 @MKmissionNATO #WeAreNATO pic.twitter.com/zMDoOJnXdB
— NATO (@NATO) September 8, 2023
Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум објави видео од заедничка воена вежба.
„Честит ден на независноста на нашиот сојузник, Северна Македонија! Погледнете го видеото за да прославиме заедно“, се вели во описот на видеото.
Happy National Day to our Ally, North Macedonia! 🇲🇰
Watch the 📽️to celebrate it together⤵️#WeAreNATO#StrongerTogether pic.twitter.com/qYRIonBFed
— NATO Joint Force Command Brunssum – JFCBS (@NATOJFCBS) September 8, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија, не му ја доделил народот

Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема, реагира ВМРО-ДПМНЕ по настапот на претседателот на СДСМ во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д ‘Вили Брант’ за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел.
На последните избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ, народот кажа што мисли за капитулациите на Венко и Заев во спорот со Бугарија.
Во врска со обраќањето на Венко Филипче во Брисел во кое се обидува да ја обвини Владата за наводно самонаметнато вето и откажување од евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ смета дека јавноста заслужува одговор кој се темели на факти, вистински вредности и државничка одговорност.
Според ВМРО-ДПМНЕ апсурдно е СДСМ – партијата која капитулираше пред секој услов, која со бришење на македонскиот јазик од институционални формулации и која дозволи вметнување на билатерални прашања во европскиот процес, да зборува за европска стратегија и достоинство.
„Ако денес сме заглавени во процесот, тоа е поради штетниот и непреговаран Договор од 2022 година, потпишан токму од СДС, без внатрешен консензус и спротивно на јавното мислење; Уставните измени не се закочени од ВМРО-ДПМНЕ, туку од недовербата на народот во процес што СДС го водеше без транспарентност, без одговори и со тајни додатоци“, се вели во реакцијата.
Исто така, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не одбива уставни измени, туку инсистира тие да бидат дел од поширок договор, постигнат низ демократски процес, со гаранции за идентитетот и со заштита на државните позиции – нешто што СДСМ апсолутно го погази.
Претходно во Брисел, Филипче рече дека Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени. Во својот говор, Филипче нагласи дека е неопходно ПЕС и групата СД во Европскиот парламент да преземат активна улога во процесот на проширување на Европската Унија.
Македонија
Две средни училишта во Скопје добиле дојави за бомби

Во две средни училишта на територијата на Скопје утрово стигнале дојави за поставени бомби.
Од полицијата информираа дека биле извршени сите потребни проверки и се работело за лажни дојави.
Македонија
Четворица повредени во пожарот во Кочани ќе бидат отпуштени од болницата во Софија

Четворица пациенти, кои се лекуваат во болницата „Пирогов“ во Софија, Бугарија, денеска ќе бидат отпуштени од болница, изјави Маја Аргирова, раководител на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Сите четворица се во добра состојба.
„Дадени се инструкции, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од нивната состојба, ќе се проценува евентуална нова хируршка фаза“, додаде таа.
Во софиската болница на лекување остануваат уште четворица други пациенти.
Во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 61, а речиси 200 лица беа повредени. Некои од повредените се пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија се хоспитализирани 16 повредени – од нив, осум во болницата „Пирогов“ и по тројца пациенти во болниците во Пловдив и во Варна.