Црна хроника
Крвава пресметка меѓу две лица во Чаир – Итната помош ги нашла двајцата повредени пред поликлиниката
Доцна синоќа околу 1 часот пред Поликлиниката Чаир, Итната медицинска помош ги затекнала повредени со остар и тврд предмет Б.П. и А.Л.(21) од Скопје.
Двајцата се расправале, па физички се пресметале, по што заедно завршиле повредени пред поликлиниката, кога ги здогледале вработените од Итната помош.
Лицата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Подоцна, како што информираа од МВР, едниот од нив бил приведен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар
Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од Скопје бил физички нападнат во маркет на подрачјето на општина Центар.
Пензионерот случајот го пријавил во скопската полиција.
МВР презема мерки за целосно расчистување на нападот и идентификација на напаѓачот.
Црна хроника
Тетовец се сомничи за измама: зел капар од 1.200 евра, а нарачката никогаш не ја испорачал
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишник од Тетово, осомничен дека измамил маж од кичевско кој во април годинава преку страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“ договорил нарачка.
Жртвата платила капар од 1.200 евра, а рокот за испорака бил еден месец. И покрај тоа, осомничениот не го исполнил договореното и не ја испорачал нарачката, по што случајот бил пријавен во полиција.
Црна хроника
Скопјанец тешко повреден во судир со возило со српски ознаки во Скопје
Синоќа околу 20:40 часот, на крстосницата меѓу улиците „Разловечко Востание“ и „Вич“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила „хјундаи“ со скопски регистарски таблички и „шкода“ со српски национални ознаки.
Хјундаито го управувал 52-годишниот В.Л. од Скопје, додека зад воланот на шкодата бил 38-годишниот Р.Ѓ. од Србија, кој моментално престојува во Скопје.
Во несреќата тешко се повредил возачот на хјундаито. Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од скопската полиција по наредба на јавен обвинител.

