Свет
„Тука е тотален хаос“ – бројот на загинати во Макроко порасна на 632 лица
Мароканска телевизија јави дека бројот на загинати во земјотресот достигна 632, а повредени се 329 лица, пренесува новинската агенција Ројтерс.
Голем број луѓе во Мароко излегоа на улиците во страв од последователни потреси и останаа да спијат тука.
Во земјата владее паника по разорниот земјотрес.
Французинот Мајкл Бизе за новинската агенција АФП изјави дека бил во кревет кога се случила катастрофата.
„Мислев дека мојот кревет ќе одлета. Излегов на улица полугол. Тотален хаос, вистинска катастрофа, лудило”, вели Бизе.
Една жена, Далила Фахем, изјави за Ројтерс: „За среќа сè уште не спиев кога се тресеше“. Таа рече дека нејзината куќа е оштетена.
Жителите на Мароко велат дека дошло до прекин на електричната енергија. Според некои информации, оштетено е минарето на џамијата што се наоѓа на познатиот плоштад Џемаа ел Фна во Маракеш. АФП јавува дека во делумниот колапс се повредени две лица.
Џема ел-Фна е главниот плоштад во градот и е дел од Светското наследство на УНЕСКО. Тоа е место за средба на жителите и туристите од целиот свет.
Се чини дека градот Маракеш е силно погоден. .
Некои згради во стариот град Маракеш се урнаа, изјави жител за новинската агенција Ројтерс.
Многу жители одлучија да останат надвор од своите домови во случај силни последователни потреси да го погодат градот.
„Почувствувавме многу силен потрес и сфатив дека е земјотрес“, изјави за новинската агенција АФП Абделхак Ел Амрани, 33-годишен жител на Маракеш.
„Ги видов зградите како се движат. Потоа излегов надвор и таму имаше многу луѓе. Сите беа во шок и паника. Децата плачеа, а родителите беа вознемирени“.
„Настана прекин на електричната енергија, како и телефонската мрежа, но потоа повторно се вклучи. Сите решија да останат надвор“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

