Црна хроника
Претрес во демиркаписко – пронајдена муниција и алат за изработка, приведени две лица
Вчера како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полицијата, приведени се Ќ.С.(28) и И.С.(23) од селото Корешница, демиркаписко.
При претрес во домот и помошните простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана.
Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

