Македонија
Сончево време со температура до 34 степени

Времето денес ќе биде свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во североисточните делови повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, јави УХМР.
Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Продолжува периодот на стабилно и топло време со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“: Историска инвестиција, 6 милијарди евра од Британија ќе бидат искористени за развој без никаква разлика

За Северна Македонија започнува нова ера, со историска инвестиција од 6 милијарди евра од Обединетото Кралство, нашата земја влегува во нова траекторија на развој и модернизација. Ова е јасна порака за меѓународна доверба во новата визија што ја претставува Владата, а коалицијата „Вреди“ е посилна од кога било, се истакнува во нивното соопштение.
„Во рамките на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, ќе се реализираат големи проекти кои директно влијаат врз животите на нашите граѓани: Нова модерна болница во Кичево, заедно со здравствен центар; Целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, за квалитетни услуги и поголеми капацитети; Финализирање на клиничката болница во Штип и изградба на нов медицински факултет, во согласност со современите стандарди; Модерна и брза железница од Табановце до Гевгелија, која ќе ја поврзе Северна Македонија со регионот и Европа“.
Од „Вреди“, велат дека коалицијата како политички чадор што ја претставува волјата и надежта на албанските граѓани и на сите граѓани на земјата, гарантира дека овој инвестициски пакет нема да остане на хартија, туку ќе се прошири праведно и подеднакво на албанските области каде што со децении се потребни повеќе грижа и вистински инвестиции.
„Ова е нашата визија за праведна, функционална и развиена држава, каде што секој граѓанин, без оглед на потеклото или регионот, ги чувствува придобивките од реформите и меѓународната поддршка.
Од Липково до Струга, „Вреди“ ќе се погрижи оваа историска можност да се претвори во вистински просперитет за сите граѓани.
Македонија
„Нов медицински факултет во Штип и изградба на студентски дом со најмалку 200 легла се дел од договорот со Велика Британија“, најави ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на 22 мај четврток ќе го потпише договорот со владата на Обединетото Кралство, договор кој што става на располагање најмногу средства до сега, 6 милијарди евра. Со договорот Македонија влегува во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на владата и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и како држава која што ги почитува евроатланските вредности“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.
Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата која што е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија.
Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.
Договорот носи проекти и од енергетиката, проекти од транспортот, проекти од медицината, здравството и дигитализацијата“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, Дел од корисниците на ул.1 во село Копаница, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на улиците Руди Чајавец, Милан Зечар, Коста Новаковиќ, општина Аеродром;
– Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците на дел од село Бардовци, кај пругата, општина Карпош.