Спорт
Барди: 11 срца гинеа на теренот
9.септември 2023 година засекогаш ќе остане врежан во сеќавањето на Енис Барди.
Фудбалерот на Трабзон, прв пат во кариерата ја поведе Македонија на теренот со капитенската лента, а со неговиот гол во 81.минута, Македонија извлече реми против европскиот првак.
15. гол во дресот на националниот тим за Барди беше спектакуларен. Од слободен удар го совлада Џиџи Динарума.
„Треба да веруваме и можеме да направиме големи работи. Ние сме мала држава. Има 11 срца што гинат на терен, и тие што влегуваат во игра. Значи сите што доаѓаме овде мора секогаш да бидеме гладни за победа, како што бевме на овој натпревар. Многу поинаку изгледавме на теренот. Многу разговараме меѓу себе оваа недела. Сега треба да се одмориме и мислам дека ќе бидеме добри и на натпреварот со Малта“, изјави по натпреварот стрелцот на голот за Македонија Енис Барди.
Фото/gazzetta.it
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Валтери Ботас ќе вози Кадилак

Познатиот фински возач Валтери Ботас ќе биде дел од Кадилак во Формула 1 следната сезона.
Тимот на Кадилак официјално се приклучува на караванот на Формула 1 во 2026 година, а нивниот прв возач ќе биде Валтери Ботас.
Како што објавија „Formula.hu“ и „Racingnews365“, финскиот возач и поранешен член на Заубер, Алфа Ромео, Мерцедес и Вилијамс ќе биде официјално претставен како нов возач на Кадилак следната недела.
Ботас е поврзан со Кадилак веќе некое време, но се верува дека тимот прво ќе направи неколку тестови со стариот автомобил на Ферари и ќе направи чекор кон следната сезона со познатиот Финец.
Кадилак моментално го води Греам Лаудон, кој добро го познава Ботас. Во последните години, Лаудон работеше како менаџер на Гванџу Џо, кој возеше заедно со Ботас три години во Алфа Ромео пред двајцата да се повлечат од гридот на крајот на минатата година.
Ботас се врати во Мерцедес оваа сезона како резервен возач и учествуваше во тестирањето, додека му помагаше на Кими Антонели за време на неговата дебитантска сезона во Ф1.
Сè уште не е познато кој ќе биде вториот возач на Кадилак, како потенцијални опции се споменуваат двајца поранешни возачи на ред Бул, Серхио Перез и Даниел.
Фото/ Принтскрин
Спорт
„Гол“: Ливерпул ќе понуди 150 милиони за Исак

Ливерпул подготвува нова мегапонуда за Александар Исак откога првите две во износ од 120 и 140 милиони евра беа одбиени од Њукасл, пишува специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Според овој извор, Ливерпул е подготвен да ги испрати финансиските барања на Њукалс, односно да понуди сума од 150 милиони евра за шведскиот напаѓач.
Наводно, понудата ќе биде доставена наредниот понеделник по натпреварот што ќе го одиграат овие два тима на „Сент Џејмс парк“.
Ливерпул се решил на ваков чекор поради нарушениот однос меѓу клубовите и претстојниот натпревар.
На „Енфилд“ се убедени дека Њукасл ќе ја прифати огромната понуда од 150 милиони евра, особено сега кога Исак и клубот влегле во војна со зборови.
Доколку биде реализиран, трансферот на Исак би бил третиот најголем во историјата (по трансферите на Нејмар и Мбапе) и најголем ова лето.
На графиконот видете ги десетте најголеми трансфери во историјата на фудбалот.
Исак не беше во составот на Њукасл за првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата против Астон Вила. Според извештаите, тој ќе остане надвор од тимот и против Ливерпул. Се верува дека напаѓачот нема ни да дојде на стадионот „Сент Џејмс парк“ за да го гледа натпреварот.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Трап се врати во Париз, ќе брани за новиот прволигаш, а потоа ќе стане заштитно лице на Луј Витон

Новиот француски фудбалски прволигаш Париз го ангажираше искусниот германски голман, 35-годишниот Кевин Трап, поранешен член на Ајнтрахт Франкфурт, со кого потпиша тригодишен договор. Париз за Траш плати 1.000.000 евра.
Познато е дека мнозинските сопственици на Париз, семејството Арно, имаат речиси неограничени финансиски можности и ќе инвестираат уште повеќе во иднина, но овој пат употребија мал трик во преговорите за Кевин Трап.
Имено, Трап е голем љубител на модата, негова сопруга е бразилската манекенка Изабел Гулар, која моментално живее во Париз.
Затоа претставници на клубот од главниот град на Франција дојдоа кај Трап со многу интересен предлог, дојди и биди наш голман, а по завршувањето на кариерата можеш да бидеш лице на брендот Луј Витон.
Познатата модна куќа е во сопственост на семејството Арно.
За Трап ова ќе биде враќање во главниот град на Франција бидејќи од 2015 до 2018 година беше член на ПСЖ, со кого освои две титули во Лига 1 и два Купа.
Во текот на својата кариера, Трап одигра и девет натпревари за германската репрезентација, а најголем успех во клупската кариера му беше освојувањето на Лигата на Европа со Ајнтрахт во 2022 година.