Свет
(Видео) Страшно невреме во Либија, 25 мртви, прогласена вонредна состојба и полициски час

Голема медитеранска бура синоќа и утринава ја зафати источна Либија, при што загинаа најмалку 25 луѓе, а беа оштетени домови и патишта, соопштија медицински извори. Седум припадници на либиската национална армија се водат како исчезнати, изјави портпаролот на ЛНА, Ахмад Месмари.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат луѓе заглавени на покривите на своите возила обидувајќи се да добијат помош во големите поплави откога бурата Даниел ги погоди градовите Бенгази, Суза, АлБ-ајда, Ал-Марџ и Дерна.
Our hearts are with the people of Libya .. May God assist them. ❤🇱🇾#Libya #إعصار_دانيال #انقذوا_الشرق_الليبي #ليبيا pic.twitter.com/tzYqAdH5ZR
— Algeria Mix II (@AlgMiix) September 11, 2023
„Спиевме и кога се разбудивме, видовме вода околу куќата. Внатре сме и се обидуваме да излеземе“, изјави утринава телефонски за „Ројтерс“ жителот на Дерна, Ахмед Мохамед.
Операциите за пребарување и спасување се во тек, изјавија очевидци. Властите прогласија вонредна состојба, затворија училишта и продавници и воведоа полициски час. Четирите големи нафтени пристаништа во Либија, Рас Лануф, Зуеитина, Брега и Ес Сидра, се затворени од саботата вечерта, веќе три дена, изјавија за „Ројтерс“ двајца нафтени инженери.
Премиерот на привремената влада на Триполи, Абдулхамид Дбеиба, во неделата изјави дека им наредил на сите државни агенции веднаш да се справат со штетите и поплавите во источните градови.
Обединетите нации во Либија соопштија дека внимателно ја следат бурата и „ќе укажат итна помош за поддршка на напорите за локална и национална реакција“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.