Свет
(Видео) Над 5.000 загинати во Либија, зградите претворени во урнатини
Над 5.200 луѓе загинаа, а најмалку 10.000 се водат за исчезнати во катастрофалните и невидени поплави што ја погодија источна Либија.
Најпогоден е источниот крајбрежен град Дерна, каде браните очигледно попуштиле, а поплавата, според либискиот министер, „збришала најмалку една четвртина од градот“.
Disaster unfolding in Libya 🇱🇾
on the back of Storm Daniel (linked to the system which recently flooded Greece). This footage is from Derna on the north coast of Libya.More than 2,000 people in Libya are feared dead. Details are still emerging.pic.twitter.com/ukbPKFgGS5
— Scott Duncan (@ScottDuncanWX) September 11, 2023
Денеска низ социјалните мрежи се прошири видео од Дерна, чија автентичност ја потврди и Би-Би-Си. Видеото кое трае околу 10 секунди ја прикажува штетата предизвикана во пристанишниот град во источна Либија. На видеото може да се види како поплавата претвори цели повеќекатници во урнатини.
Спасувачите се уште трагаат по телата на загинатите во поплавите, изјави Тарек ал Хараз, портпарол на владата на истокот на Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.