Свет
(Видео) Катастрофа во Либија: пукнаа брани, уништен град, илјадници мртви, пишува Си-ен-ен
Се стравува дека илјадници луѓе загинале во Либија откога бурата Даниел донесе толку многу дожд на североистокот, што две брани се урнаа во еден регион влечејќи цели населби во морето. Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а околу 6.000 се водат за исчезнати во тешко погодениот град Дерна, каде што под притисокот на поплавите се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен.
„Како резултат на тоа се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби и на крајот ги исфрли во морето“, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална армија.
Have we just whiteness a whole city washed in the sea in Libya 🇱🇾 International help will not fix anything anymore this impact is just too fast and big. As usually we underestimated the consequences of our incompetence from our overvaluation. https://t.co/OiVKOC7JL0 pic.twitter.com/V3vr6CaojW
— Thomas Reis (@peakaustria) September 11, 2023
Според Си-ен-ен, овие бројки не може да се проверат независно, а Мисамари не даде извор за бројките за загинатите и исчезнатите. Црвената полумесечина на Бенгази претходно процени дека во Дерна загинале од 150 до 250 луѓе, според „Ројтерс“.
Шефот на либиската служба за итни случаи, Осама Али, за Си-ен-ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинско крајбрежно подрачје“.
This isn’t war. This is a consequence of choosing war and corruption over nation building.
A video from Derna, Eastern Libya pic.twitter.com/y1NoQhZY24
— Anas El Gomati (@AGomati) September 11, 2023
Куќите во долините беа однесени од силни струи од кал, кои носеа возила и остатоци, додаде тој. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можеа да влезат во Дерна поради огромното уништување.
Али рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата. „Временските услови не беа добро проучени, нивото на морската вода и врнежите (не беа проучени), брзината на ветерот, немаше евакуации на семејства, кои би можеле да се најдат на патот на бурата и во долините“, рече Али.
„Либија не беше подготвена за ваква катастрофа, никогаш не сме биле сведоци на вакво нешто. Признаваме дека имаше недостатоци иако првпат се соочуваме со вакво нешто“, рече Али.
Мисамари, портпарол на Либиската национална армија, изјави дека биле погодени уште неколку градови, како Ал-Бајда, Ал-Марџ, Тобрук, Такенис, Ал-Бајада и Батах.
After devastating Greece in the country’s worst ever flood disaster, #medicane Daniel submerges East Libya under water. First estimate of 2,000 dead, many missing thought to have been washed out to sea. Apocalyptic. #ClimateCrisis #ClimateActionNow pic.twitter.com/HTxgiTQbaz
— George Tsakraklides (@99blackbaloons) September 11, 2023
Либија е земја со речиси шест милиони жители, која е поделена меѓу фракции од 2014 година како резултат на граѓанската војна што се појави таму по смртта на Моамер Гадафи и акцијата на НАТО во 2011 година.
Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“, според извештајот на Државната либиска новинска агенција (ЛАНА).
Снимките на социјалните мрежи покажуваат потопени автомобили, урнати згради и порои вода, кои течат бргу низ улиците. Болниците во источниот град Бајда се евакуирани, според видеата споделени на „Фејсбук“ од Медицинскиот центар „Бајда“.
Libya’daki can pazarı görüntüleri çok kötü, 10.000 insan kayıp deniliyor.
Ey Rabbimiz;
Senin gazabından yine Sana sığınırız..——#Libya Affet Türkiye Antalya Mehmet Şimşek Savcı iPhone 15 Pro Max BAŞÖĞRETMEN ERDOĞAN Bursa Medine Tuzla Belediyesi Kuran Osman Gökçek Şeriat pic.twitter.com/jXrRWE5Kcb
— Deniz BOZDOĞAN (@DenizBozdogan_) September 11, 2023
„Обединетите нации во Либија внимателно ја следат вонредната ситуација предизвикана од тешките временски услови во источниот регион на земјата“, се вели во соопштението на мисијата за поддршка на Обединетите нации во Либија.
Неколку земји испратија сочувство и понудија помош за Либија додека спасувачките тимови се обидуваат да најдат преживеани под урнатините.
Турската агенција за катастрофи во понеделникот соопшти дека ќе мобилизира 150 лица за пребарување и спасување заедно со шатори, возила за спасување и други материјали, како што се генератори.
Американската амбасада во Либија на „Твитер“ објави дека е во „близок контакт со Обединетите нации и со властите во Либија за да се утврди колку бргу можеме да обезбедиме помош онаму каде што е најпотребна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

