Македонија
Левица бара одговор за кривичната истрага против поранешната директорка на Клиниката за онкологија поставена од ДПМНЕ
Скандалозните информации, кои излегоа во јавност за работењето на Клиниката на онкологија, целосно го разобличи бруталното владеење на хибридниот режим на СДС и ДПМНЕ. Со тоа што поранешниот директор Нино Васев свесно го исфрлил од употреба КАТО-системот за контрола и цитостатиците почнале да се подготвуваат рачно, се отворила и можноста за крадење и манипулација со дозите, велат од Левица.
Дополнително, според оваа партија, самата ревизија на Клиниката потврди голем број малверзации во работењето, каде не биле воспоставени никакви критериуми за давање лек, при што одобрение за давање лек морало да потпише тогашниот директор Васев и единствен кој носел одлука кој ќе прими лек бил токму Васев.
„Малверзациите на Клиниката за онкологија датираат од 2012 година, кога било поднесена кривична пријава против тогашната директорка, поставена од министерот за смрт, Никола Тодоров. Директорката тогаш се товари за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, каде при набавка на лекови предизвикала штета на Фондот во износ од 6.372.691 денар и на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во износ од 15.173.399 денари или вкупна штета во износ од 21.546.080 денари“, се истакнува во реакцијата од Левица.
Според нив, додека власта тврди дека се расчистува со криминалот на оваа Клиника, нема никаков одговор од правосудните органи каде е заглавена 10 години кривичната пријава против оваа директорка. Од друга страна, станува јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ одбива да ги поддржи протестите, со оглед на инволвираноста на нивни поранешни функционери.
„Со измените на Кривичниот законик, со кои беа амнестирани 80 поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, стана јасно дека неказнетото владеење на овие три политички партии ги руши темелите на правната држава, каде пациентите стануваат жртви на нивната корупција и алчност за богатење“, се подвлекува во напишаното од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март не доби поддршка од пратениците од власта. Предлогот денеска беше на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта го одбила и предлогот за јавна расправа и разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

