Економија
МЗШВ: Македонското вино со одлични коменари на презентацијата од винската визија за Отворен Балкан во Виена
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Виена, на покана од министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ, во рамки на Иницијативата Отоврен Балкан ги презентираше нашите македонски вина пред реномирани новинари, познавачи на виното, бизнис партнери, и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија.
Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотер на нашата земја, и најгласниот и најдиректен маркетинг за нашата земја. Винската визија за Отворен Балкан е оригинален настан, најдобар промотер на нашата земја и можност да го презентираме нашето македонско вино.
Прекрасни коментари и критики за нашето вино можеа да се слушнат на винската презентација од страна на Питер Мозер, специјалист и вински новинар и извршен уредник на одделот за вино на водечкиот германски гурмански и вински магазин Фалстаф.
Преку нашето убаво македонско вино шириме позитивна енергирја и стекнуваме нови пријателства. Одлични оценки и коментари за македонското вино можеа да се слушнат и од австриската пратеничка Мариа Гросбауер и Ханс Шојфеле менаџер на Wine&Co.
За нас како министерство секторот винарство е високо во приоритетите. Вложуваме многу енергија и преку повеќе конкретни мерки го помагаме развојот на овој значаен сектор. Нашите вложувања ги даваат очекуваните резултати. Од година во година бележиме зголемување на извозот на флаширано вино. Како држава сме позиционирани на високото 13 место во светот по девизен прилив од извозот на вино. Македонското вино го позиционираме високо на винските мапи, а винскиот сектор е од стратешко значење за економијата на нашата земја.
Уште во 2019 година ги олеснивме условите за регистрација во Регистарот на производители на вино, придонесувајќи да се зголеми бројот на регистрирани винарии. Денес бележиме вкупно 248 винарски визби, од кои 166 мали семејни винарии.
Малите семејни винарии ги поддржуваме со грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Преку првиот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии во 2022 година поддршка добија 59 мали винарии, со вкупна вредност од 34.500.000 денари. Оваа година на вториот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии интересот е двојно поголем, со повеќе од 130 апликации.
Поддршка за развој на винариите обезбедуваме и преку ИПАРД програмата, овозможувајќи преку мерките од ИПАРД програмата поддршка за подигнување на лозови насади, набавка на опрема и проширување на производствените капацитети и вложување во развој на винскиот туризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси

Министерството за економија и труд бара, а Владата ќе го зголеми буџетот за поддршка на бизнисите при самовработување. За околу 2,5 милиона евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси, изјави во Прилеп Марјан Ристески, заменик-министер за екномија и труд.
За проектите за самовработување од пет, буџетот ќе се зголеми на 7,5 милиона евра. Ова зашто е огромен интересот на трите огласи на Агенцијата за вработување за најатрактивната мерка во обемниот оперативен план за вработување со кој се опфатени 40 проценти млади луѓе. На огласите има околу 6 000 пријави. Наместо 1.750, државата ќе поддржи 2.600 лица кои ќе почнат свој бизнис, најави Ристески. Министерството за економија и труд на наредната владина седница ќе побара уште пари.
-Според тоа, како Министерство, како предлог, заедно со АВРМ побаравме и очекуваме од Владата прелокација на финансиски средства на наредната владина седница. Очекуваме да се издвојат нови 300 милиони денари кои ќе бидат употребени за оваа најатрактивна мерка, мерката за самовработување. Со тоа бројката би се зголемила на 2 600 лица кои би отвориле сопствен бизнис, претежно млади луѓе до 29 години, но ќе ги опфати и сите активни баратели на работа и над 29 години. Да напоменам дека оваа мерка ќе биде поддржана и со плус 160 милиони денари кои се обезбедени со ребалансот на буџетот. Или, вкупно, овие мерки ќе бидат поддржани со зголемен буџет од над 7,5 милиона евра, изјави Ристески.
Што се однесува до потрошувачката кошничка и нејзиното пресметување, како точка ќе се најде на дневен ред на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Од тоа ќе зависи какви мерки ќе преземе Владата. Ристески се надева дека ЕСС ќе биде свикан до крајот на наредната недела.
-Досега интензивно работеше комисијата за одредување на репрезентативност, формирана пред неколку месеци. Меѓуртоа, поради летните одмори, малку беше пролонгирано, но е завршено броењето од синдикатите кои треба да добијат реперзентативност во текот на овој период и се надевам дека до крајот на наредната недела, ќе биде официјално свикан Економско-социјалниот совет со дневен ред. Една од дискусиите ќе биде стапката на инфлација, заштита на животниот стандард и можноста дали и понатаму ќе се одредуваат нови мерки или не. Ние ја следиме ситуацијата и сето тоа ќе биде и сето што ќе биде донесено ќе биде во договор на сите страни кои учествуваат во Економско-социјалниот совет, односно со еден заеднички трипартитен договор, изјави Ристески.
Економија
Исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица за предадени јаболка

Денеска се исплатија 99.743.746,00 денари кон 1.865 лица од подмерка 1.9 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети, од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, извести Министерството за земјоделство.
Од таму најавуваат дека продолжува поддршката кон производителите на јаболка.
Економија
УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.
Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.
„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.
Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.