Македонија
Мицкоски: Шокантен е податокот дека фирмата донатор на ДУИ е избрана и за главен подизведувач на „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8
За мене, шокантен беше податокот кога прочитав дека фирмата „Еуровија“ е главен подизведувач на Коридорот 8 на компанијата „Бехтел и Енка“. Компанијата „Еуровија“, како што беше во јавноста кажано, има основано сомневање дека на сомнителен начин добила и тендер од Министерството за надворешни работи за преуредување на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а за потребите на настан што го организира министерот за надворешни работи на крајот од годината. И истата таа фирма или фирма поврзана со оваа фирма се јавува како еден донаторите на партијата Демократска унија за интеграција, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан за коментар за тоа дека фирмата донатор на ДУИ, која доби тендер од МНР на чело со Бујар Османи, сега е избрана и за главен подизведувач конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8.
И уште што е пошокантно за мене, додаде Мицкоски, е што во услови кога Македонија се наоѓа на најниско ниво во владеењето на правото, а на највисоко ниво на степенот на корупција и степенот на криминал, ние имаме фирма што на одреден начин пркоси пред претставниците на меѓународната заедница, кои и вчера беа таму, но претпоставувам и голем дел претставници од меѓународната заедница тоа го гледаат.
„И ако мислите дека тоа ние ќе го премолчиме, нема да го премолчиме, ако мислите дека ќе го заборавиме, нема да го заборавиме. Или ќе владее правото за сите, или нема да нè биде. Не може за едни да важи правото, а за други да не важи. Не може ВМРО-ДПМНЕ за ни приближно сличен случај да има замрзнат имот и да се влече по судски ходници повеќе од пет години, а Обвинителството да е немо за случај во кој и Државната комисија за спречување на корупцијата вели дека е случај од највисок вид криминал и корупција, односно компанијата донатор за која постои основано сомневање дека добива тендери на сомнителен начин. Или ќе важи за сите или нема да нè биде. И ако ова мислат, сите претставници на меѓународната заедница, дека ние ќе го премолчиме и ќе бидеме слепи при очи и глуви при уши, се лажат од каде и да доаѓаат“, истакна Мицкоски.
Посочи дека мора еднаш за секогаш законот во Македонија да владее за сите, а не некои да бидат заштитени, други да одговараат, на пример, и за кикиритки.
„Мора да владее еднаш и за сите законот во оваа држава. Не може одредени да бидат затитшени како бели мечки, а други да одговараат за кикиритки, тоа не може. Ако сакаме да нè биде. Ако не сакаме да нè биде, еве ќе гледате вакви примери“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

