Црна хроника
Пет лица од тетовско измамиле жена да ја продаде куќата – не добила ни пари, ни стан
Полицијата поднесе кривична пријава против В.А.(37), Х.А.(44), Г.М.(58), сите од Тетово, С.А.(47) од с.Пршовце, државјанин на С.Р. Германија и А.А. (27) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”, а второпријавениот, третопријавениот, четвртопријавениот и петтопријавениот и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство”.
Во текот на декември 2022 година, првопријавениот воспоставил комуникација со ќерката и синот на 51-годишна жена од Тетово и успеал да ги наговори да ја убедат мајка си да ја продаде куќата и да купи стан во Тетово. Првопријавениот успеал да ги измами и да ги доведе во заблуда жената и нејзините деца и, со прикривање на факти, ги навел да потпишат купопродажен договор за недвижен имот, по што им понудил стан во Тетово.
Меѓутоа, оштетената не го добила станот, а не ѝ биле исплатени ниту средствата од продажбата на куќата. Второ, трето, четврто и петтопријавениот посредувале во изготвување на купопродажниот договор и на продажбата на куќата на оштетената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

