Црна хроника
Приведен маж од скопско, телефонски се заканувал на командир на полициска станица
По преземени мерки и активности, на 11.09.2023, полициски службеници од Единицата за насилен криминал, Одделение за насилен криминал при СВР Скопје и полициски службеници од Полициското одделение Мирковци го лишиле од слобода 35-годишниот М.П. од село Мојанци, скопско, извести МВР.
– Тој се сомничи дека на 10.09.2023 по телефон упатил закани кон командирот на Полициската станица за граничен надзор Танушевци поради претходно преземени мерки за откривање на нелегална сеча и транспорт на огревно дрво. Со М.П. бил извршен службен разговор во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.