Црна хроника
Уапсен скопјанец, ја истепал својата сопруга
Вчера вечер во 23.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода 35-годишниот Б.К. од Скопје, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Жена нападнала вработен во општината во Кочани
Полицијата поднесе кривична пријава против Д.Т.(31) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 3 август на улицата „Павлина Вељанова“ во Кочани, пријавената физички нападнала вработен во општина Кочани додека извршувал работни задачи.