Регион
Дачиќ за Курти: „Сака на сила да ги постигне своите екстремистички цели“

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ по повод преговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел изјави дека тоа е очекувано и дека Србија со месеци ја предупредува меѓународната заедница дека премиерот на Косово, Албин Курти е главната закана за мирот и стабилноста во регионот, што како што вели, се покажало уште еднаш.
„И тоа го прави со сила. Неговите луѓе уште пред 20 години велеа дека ниту САД, ниту ЕУ нема да им донесат независност, туку дека мора да земат оружје. И тие го прават тоа денес. Гледате дека не сака да зборува за ништо друго освен за тој пат до независноста“, рече Дачиќ, пренесуваат српските медиуми.
Наведе и дека Курти не го почитува она што е потпишано во минатото, ниту институциите како ЕУ, ниту билатерално, некои земји кои „барем се трудат да одржат балансирана позиција“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.