Македонија
СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици, деца умираат зашто нема пари за лекување, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС за 3 години на тендери за софтвери троши 40 милиони, а од болните се крадат цитостатици, нема инсулин, деца умираат зошто нема пари за лечење, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со 40 милиони колку што власта потроши на матните тендери за софтвери и 20 милиони дупка во Онкологија ќе се направеше половина Клинички центар, можеше да се опремат сите болници низ државата со најсовремена опрема, ќе се набавеа 1.200 болнички возила, ќе се купеа лекови за ретки болести.
Но наместо за народот власта краде од тендери, а краде и од болните, кои наместо терапија добиваат физиолошки раствор“, додаваат од оваа партија.
Македонија, според ВМРО-ДПМНЕ не може да тргне ни милиметар напред додека СДС и ДУИ се на власт, зошто додека тие крадат на тендери и од болните, деца умираат зошто нема пари за лечење.
„Со СДС и ДУИ во Македонија базичните услуги кои треба да ги обезбедува системот стануваат луксуз. Потребни се промени. Потребен е рестарт на системот“, се додава во нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки
Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.
„Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.
Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што се соодветно хоспитализирани“, соопшти МНР.
Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.
Македонија
(Видео) Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско
Денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот на отворено во атар на село Цер во општина Кичево, извести МВР.
Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума, соопшти МВР.
Македонија
Топлото време продолжува и во наредните денови, утре температурите до 40 степени
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Во деновите од викендот нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.