Соопштенија
Отворено писмо од „Еуромакс ресоурцес“ до СКМ, МАР и Советот на странските инвеститори
ОТВОРЕНО ПИСМО!
До раководните лидери на:
Стопанска Комора на Северна Македонија
МАР – Македонска Асоцијација на Рударство
Совет на Странски Инвеститори
„Обична хипокризија е што за значењето на рударството се зборува во суперлативи само на „28-ми Август – Денот на Рударите“ селективно коментирајќи и посетувајќи ги парадно само постојните „стари“ рудници кои започнале во минатиот век и во претходната државна заедница. Притоа лицемерно е да си доделувате различни признанија и благодарници „за посебен придонес во развојот на рударската индустрија“ кога ноторен факт е дека во последните 40 години во земјата е отворен само еден нов коп за метали (бакар) во склоп на стариот рударски комплекс (!?).“
Почитувани,
Изненадени од леснотијата со која од Ваша страна се игнорира економско-правната битка на Еуромакс Ресоурцес ДОО за реализација на инвестицијата во рударскиот комплекс Иловица-Штука, решивме да Ви се обратиме со ова писмо.
Се надеваме дека барем вам не треба да ве потсетуваме дека Euromax Resources Ltd. е проектна компанија регистрирана во Ванкувер, Канада и листирана на престижната Берза за хартии од вредност – Toronto Stock Exchange “TSX”, каде што во мултинационалната структура на капиталот главен инвеститор е деловен гигант – Trafigura Grоup. Преку Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје, компанијата е активно присутна во РСМ од 2007 (веќе полни 17 години) работејќи професионално на развој на проектот за современ рударски комплекс Иловица – Штука, како “role model” за најсовременото одржливо рударство на 21-от век, примена на најуспешни технологии, практики и највисоки стандарди за заштита на здравјето и животната средина. Во долгиот процес на геолошки истражувања, подготовка и експертска изработка на обемните стручни документи, проекти и студии, досега се инвестирани повеќе од 50 милиони евра.
Но тоа веќе би требало добро да ви е познато затоа што Еуромакс Ресоурцес ДОО е легитимен и полноправен дел од овие три бизнис асоцијации со кои вие раководите и никако не заслужува да биде целосно игнориран!
Во следната фаза од планираните две години за изградба ќе бидат инвестирани уште 350 милиони евра. За текот на целиот период од оперативното функционирање на рударскиот комплекс ќе се исплаќаат кумулативно по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни компании од диверзифицирани дејности. Оваа мега-странска инвестиција ќе генерира потреба од околу 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии со што значително ќе помогне на државата за ефикасно намалување на долгогодишниот девастирачки тренд на економски мотивирана миграција. Овој индустриски капацитет со своето работење ќе овозможи раст на ИЗВОЗОТ, во просек над 200 милиони евра годишно со што значително ќе се зголемат приливите на девизни средства, подобрување на националната структура на билансот на плаќања и олеснето одржување на стабилниот курс на денарот… согласно актуелните законски прописи, секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет и над 3 милиони евра директно ќе се слеваат во буџетите на локалните управи на општините Босилово и Ново Село.
Како одговорни раководители на најрепрезентативните и највлијателни бизнис-асоцијации во нашата држава, сигурно ви е добро познато дека посакуваната глобална транзиција кон „зелена економија“, „чисти“ технологии и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална) ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно потребно е 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година (бакар, алуминиум, цинк, литиум, никел..)
Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство на металични минерални суровини е клучната алка без која општо прифатената програма за глобална транзиција во „зелена економија“ би останала само обична декларативна желба! Токму затоа за европска држава како РСМ која докажано има наоѓалишта на овие критични метали и минерали, тоа претставува „golden opportunity“ но за жал дури ни вие не го препознавате и поддржувате, приклучувајќи се индолентно кон овој своеврсен „економски и социјален мазохизам“(!?).
Со неразбирлива леснотија, незаинтересираност и безгласно цели 7 години ја проследувате оркестрираната манипулативна „анти – рударска“ хајка која започна во втората половина на 2016 година во Гевгелија каде брутално се спречи странскиот инвеститор да ги комплетира геолошките истражувања на концесискиот локалитет, па преку Валандово до Струмичко. Сериозни индиции укажуваат дека ваквата организирана црна кампанја, преку небулозните слогани како „рудници на смртта“ или „спас за југо истокот“ е подготвена во хибридни центри на блендирани политички и бизнис интереси во и надвор од нашата држава, а се спроведува на терен преку неколкумина самопрогласени лидери на еко-активизмот на југо истокот. Ваквите центри во континуитет добро ги „мотивираат и наградуваат“ овие ликови за нивните актерски улоги на (лажно) загрижени еко-активисти. Во сите овие 7 години целата јавност може да согледа дека нивната задача е брутално да ги сатанизираат и стигматизираат странските инвестиции. Преку сеење на дезинформации целта е да се создава чувство на страв и загриженост кај нивните сограѓани, креираат немири и ги повикуваат на народен бунт и борба со „жив штит“ на живот или смрт по секоја цена (???). Преку социјалните мрежи, протестите и нивните јавни настапи, тие затскриени под „наметката“ на легитимниот граѓански активизам, непречено користат говор на омраза и потикнуваат јавен „линч“ на „клетите профитери“ (странските инвеститори во овој случај!?). Во нивните пораки има елементи на дискриминација, примитивни лични навреди, нативизам, парохијализам и ксенофобија.
Проблемите со кои се соочуваат инвеститорите, посебно во рударскиот сектор ги присилуваат засегнатите компании да покренуваат високо профилни меѓународни арбитражни постапки и нашата држава веќе се соочува со финансиски оштетни побарувања од неколку милијарди евра! Вие, како лидери на најголемите и најреспектабилните бизнис асоцијации во земјата добро знаете дека големиот капитал е „плашлив“ и многу сензитивен на јасни показатели кога некоја промовирана бизнис дестинација има евидентни проблеми со владеењето на правото и обврската за заштита на инвеститорските права. Во случајот со Еуромакс Ресоурцес и неговите глобално реномирани инвеститори и акционери, факт е дека и самиот чин на евентуално покренување на меѓународен арбитражен спор ќе привлече големо внимание и гласно ќе одекне во деловните и финансиските кругови со што директно ќе се руинира меѓународниот имиџ на државата која како полноправна членка на НАТО и држава претендент за полноправно членство во ЕУ помеѓу другото има и обврска да обезбеди правна сигурност и ефикасност во спроведување на законите како за домашните така и за странските инвеститори.
Длабоко жалиме што, вие како раководни лидери на овие бизнис асоцијации пролонгирано манифестирате бирократски конформизам со крајно селективни, би рекле дискриминаторски ангажмани и пристап кон проблемите со кои се соочуваат дел од полноправните членки, посебно дел од големите странски инвеститори во рударството на металични минерални суровини. Со неодговорното игнорирање, молчење и без јасен став и активност вие во неразбирливо долг период невешто се обидувате да се задржите на, за вас, комфорна дистанца. Обична хипокризија е што за значењето на рударството се зборува во суперлативи само на „28-ми Август – Денот на Рударите“ селективно коментирајќи и посетувајќи ги парадно само постојните „стари“ рудници кои започнале во минатиот век и во претходната државна заедница. Притоа лицемерно е да си доделувате различни признанија и благодарници „за посебен придонес во развојот на рударската индустрија“ кога ноторен факт е дека во последните 40 години во земјава е отворен само еден нов коп за метали (бакар) во склоп на стариот рударски комплекс (!?).
Целокупниот менаџмент, бордот на директори и инвеститорите на Еуромакс Ресоурцес се непоколебливо одлучни да продолжат со сите легитимни и законски предвидени активности неопходни за реализација на оваа мега-странска инвестиција и функционално оперирање на современиот рударски комплекс за бакар „Иловица – Штука“!
Со почит,
Живко Груевски
Директор, Комуникации и Односи со Јавноста
Еуромакс Ресоурцес
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

