Македонија
Министерство за правда: Ќе се преземат активности за подобрување на состојбите и спречување на корупцијата во затворскиот систем,
Ќе се интензивира реализацијата на Проектот за „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“ кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Светот на Европа.
Министерот за правда Кренар Лога на средбата со вицегувернерот на Банката за развој на Совет на Европа, Томаш Бочек и Арно де Вердиер кантри менаџер од Банката за развој на Советот на Европа, разговараа за приоритетните прашања поврзани со условите во затворите, третманот , постапувањето со притворените и ослудени лица со цел постигнување на ресоцијализација и рехабилитација на лицата кои издржуваат затворски казни.
Од страна на претставниците на Банката беше побарано во најкус можен рок преземање на ефективни мерки за санирање на штетите настанати во полу отвореното и отвореното одделение во КПУ-КПД Идризово .
Министерот се заблагодари за целокупната поддршка за реализација на Проектот со кои се опфатени повеќе казнено поправни установи меѓу кои и воспитно поправниот дом во Тетово и затворот во Куманово.Оценката и напредокот на состојбите во пенитенцијарниот систем се дел и од пристапниот процес за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.
Во општината Гази Баба се отстранети 15 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложен на јавна површина на улицата Никола Киров Мајски во населбата Хиподром, извести Комунална хигиена-Скопје.
Во општината Чаир се подигнати приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Кемал Сејфула, како и пет кубни метри отпад одложен на сообраќајна површина во непосредна близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Христо Батанџиев во скопската општина Ѓорче Петров, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20%, соопшти СДСМ
„ДПМНЕ не прифати покачување на платите на полицајците за 20%. СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР за 20%, но власта на ДПМНЕ и пратениците од мнозинството го одбија“, велат од СДСМ.
„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.
Над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите неколку месеци што е јасен показател за значењето на полициските службеници за безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти. Само во Македонија не се ценат полицијаците, тие се понижени и деградирани од Тошковски и ДПМНЕ.
Власта на Мицкоски нема капацитет и ја влошува безбедноста на граѓаните а покажаа и дека воопшто не им е грижа за стандардот на полицајците ниту за понатамошен развој на Министерството за внатрешни работи
Нивната цел е само да го партизираат и да го злоупотребуваат МВР во партиски потреби за целосно враќање на МВРО-ВМРО“, соопштува СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.