Македонија
Маричиќ: Имаме европски земјоделски политики, на чекор сме да добиеме други фондови од ЕУ за поддршка на аграрот
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината во Прилеп на тема „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ рече оваа година Европа и покрај предизвиците со кои се соочува од руската агресија врз Украина, буџетот за земјоделието и понатаму е во висина од 40% од вкупниот буџет на Европската Унија.
– Станува збор за 270 милијарди евра од земјоделскиот буџет на ЕУ за 2023-2027 година. Дури 34 милијарди евра се наменети исклучиво за еколошки и климатски цели и нови еко-шеми кои Европската Унија ги определи како приоритет за заштита на земјоделците и вработените во земјоделските сектори што со себе ги носат климатските промени, рече Маричиќ
За разлика од културата, Маричиќ кажа дека заедничката земјоделска политика на ЕУ е најстара и една од најважните политики, како во однос на бројот регулативи што ја регулираат оваа област, така и од аспект на уделот на земјоделскиот буџет во вкупниот буџет на Европската Унија.
– Примарната цел на заедничката земјоделска политика е да обезбеди стабилно снабдување со квалитетна, безбедна храна за населението на ЕУ. Да осигури пристапни цени и соодветен приход за земјоделците и да ја поддржи модернизацијата и развој на земјоделското производство и учествува во модернизацијата и развојот на руралните области, објасни Маричиќ.
Во таа насока вицепремиерот кажа дека тоа се и нашите политики и дека ги прифативме овие принципи, бидејќи како што рече Маричиќ, денес посебно внимание се посветува на подобрувањето на безбедноста и квалитетот на храната, заштита на животната средина, обнова и развој на руралните култури, зачувување на културните богатства и традиционалните обичаи.
Овие наши македонски земјоделски политики се блиски или идентични со оние на ЕУ, но, сега сме на чекор да добиеме пристап и до другите фондови за поддршка на земјоделието, а кога ќе станеме членка да ги користиме сите придобивки од буџетот за земјоделство на ЕУ, посочи Маричиќ.
На трибината се обрати ја и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер и претставничката на организацијата Агро Лидер Марина Тошеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“
Во периодот од 1 до 28 февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци.
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.
Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари – 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.
Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за посигурни и побезбедни патишта.
Македонија
Интеграциите во ЕУ и управувањето со отпад во фокусот на средбата меѓу Хоџа и чешкиот амбасадор
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и пријателските односи меѓу двете земји, со акцент на можностите за нивно понатамошно продлабочување.
Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешката Република ѝ ја дава на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, истакнувајќи ја и активната улога на чешката амбасада во Скопје во унапредувањето на соработката во областа на животната средина.
Во тој контекст, на средбата беше направен осврт и на заклучоците од последната седница на Мешовитата комисија за економска соработка, одржана во март 2025 година во Прага, како и на остварените контакти меѓу ресорните министерства. Се разговараше за квалитетот на воздухот, контролата на индустриското загадување и современите практики во управувањето со отпад, вклучително и искуствата од посетата на центарот за управување со отпад на градот Прага.
Македонија
„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток
Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.
Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.
„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.
Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.

