Македонија
Маричиќ од Битола: Нашата цел е да ги задржиме нашите образовани кадри и млади луѓе дома
Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Битола го поздрави отворањето на првиот Еразмус+ инфо центар во Битола, на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, каде што се сретна со младите и корисници на Еразмус Плус програмата.
Вицепремиерот Маричиќ во својата изјава за медиуми истакна дека отсега во Битола младите од различните региони во државата имаат пристап до место каде директно ќе може да се информираат за Еразмус+ програмата, како една од најуспешните програми во Европската Унија.
„Во овој центар сите кои сакаат да се вклучат во оваа програма, тука можат да добијат информации како најдобро своите идеи да ги направат дел од можностите за поголема мобилност и на тој начин да се стекнуваат со поголема стручност и надградба соодветно на нивните врсници и колеги од останатите европски земји.
Погледот кон Европа и европската перспектива се единствената опција за младите, а Еразмус Плус, како и досега, останува инспирација со широкиот спектар на можности за учениците, студентите, образовниот кадар како и за организациите и институциите.
Европската иднина на нашите млади е приоритет од кој никогаш нема да се откажеме и за остварување на таа цел максимално ги афирмираме придобивките кои се на располагање од нашето членство во оваа европска програма. Еразмус Плус програмата, само за оваа година предвидува буџет од повеќе од 6 милиони евра за македонските проекти за широк спектар иницијативи за образование, обуки, млади и спорт под исти услови како и младите од земјите членки на Европската Унија“.
На настанот присутни беа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.