Македонија
ЕУ организира чистење на плажа на Преспанското Езеро
Во недела, 17 септември 2023 година, во 12.00ч. на Преспанското Езеро, заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија Бен Нупнау и градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски ќе ја започнат првата #EUBeachCleanup акција организирана во Северна Македонија. Акцијата за чистење е годишна глобална иницијатива и оваа година ќе се организира на плажата Сливница преку мрежата на млади европски амбасадори „We Balkans“ финансирана од ЕУ.
Иницијативата на ЕУ за чистење плажа се одржува на глобално ниво секоја 3-та недела од септември. #EUBeachCleanup е кампања организирана од Европската комисија со EEAS и Обединетите нации. Се одвива на сите типови крајбрежја, со крајна цел да се подигне свеста за предизвиците на морскиот смет и пластичниот отпад.
Се проценува дека до 2040 година, количината на пластичен отпад во океаните ќе достигне до 37 милиони тони годишно. Загадувањето со пластика е огромен проблем во денешно време, затоа, дури и малите активности можат да направат голема разлика. Секое шише, секоја сламка, секое парче смет што е исчистено може да придонесе кон почиста, поздрава планета.
Годинава брегот на Преспанското Езеро ќе го чистат 20 млади европски амбасадори од Западен Балкан кои ќе им се придружат на своите македонски врсници за да ја исчистат плажата Сливница. Ова е трета година како млади европски амбасадори од регионот ќе учествуваат на настанот, организиран преку проектот „We Balkans“ финансиран од ЕУ. Оваа активност на заедницата, поддржана од Делегацијата на Европската Унија, Јуроп Хаус, како и од општина Ресен ќе ги поттикне луѓето да ги исчистат плажите на Преспанското Езеро од сметот што ги мачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)

