Спорт
Кристијано Роналдо го тужи Јувентус
По Леонардо Бонучи и Кристијано Роналдо поднесе тужба против Јувентус. За разлика од Бонучи, кој тврди дека клубот го наруѓил неговиот углед, Роналдо по судски пат сака од „старата дама“ да наплатаи 19.900.000 евра.
Сумата која ја побарува Роналдо е како што тврди тој, се заостанати плати што не ги добил за време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирус. Денеска адвокатите ја доставија целата документација до ствот во Торинбо и започнаа постапка против Јувентус.
Претходно истото го направи Пауло Дибала, кој се договори со Јувентус веднаш да му исплати три милиони евра плата. Со оваа тужба Роналдо сака да ги земе парите што требало да ги добие според договорот. Претходно тој се договорил со Јувентус да ја одложи исплатата за периодот по пандемијата.
Јувентус двапати ги намали платите за време на кризата со корона. Прво, во 2020 година им ги скрати платите на сите играчи подеднакво за да заштеди пари бидејќи немаше приход од билети, а потоа во 2021 година управата разговараше со секој играч поединечно за намалување на платата.
Во тој момент Роналдо заработуваше 31.000.000 евра нето годишна плата и се согласи да ја одложи исплатата на речиси 20.000.000 евра додека не заврши пандемијата.
Јувентус никогаш не му ги исплатил тие пари, поради што решил да поднесе тужба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ФИФА размислува за промена на правилата за ВАР за Светското првенство
Челните луѓе на ФИФА сакаат да ги намалат судиските грешки на претстојното Светско првенство, па затоа размислуваат за воведување иновации во правилата за користење на ВАР системот.
ФИФА инсистира ВАР судиите да добијат овластување да интервенираат во ситуации кога веруваат дека погрешно е досуден корнер или аут или поради жолт картон, објавуваат британските медиуми.
За можноста да има измени во правилата на ВАР во рамките на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), телото задолжено за фудбалските правила, наводно ФИФА би можела да добие посебно одобрение за проширување на овластувањата на ВАР, дури и без официјално да ги воведе тие промени во фудбалскиот правилник.
Јасно е дека судиските грешки се случуваат и покрај ВАР, но воведувањето повеќе видео прегледи само дополнително ќе го забави натпреварот и ќе го направи фудбалот помалку интересен.
Foto/ EPA
Спорт
Серија А ги прогласи најдбрите, ги предводи Мектоминеј
На гала церемонија, Серија А ги прогласи најдобрите за сезоната 2024/2025, која заврши со триумф на Наполи.
Очекувано Наполитанците добија најмногу награди. Играч на сезоната е Скот Мектоминеј, Антонио Конте е најдобар тренер, а Наполи најдобар клуб.
Интересно во идеалниот тим на сезоната најмногу играчи има Интер:
голман: Миле Свилар (Рома)
одбрана Дензел Дамфрис, Федерико ди Марко, Алесандро Бастони (сите од Интер), Амир Рахмани (Наполи)
ред за врска: Николо Барела (Интер), Тижани Рејндерс (Милан) и Скот Мектоминеј (Наполи)
напад: Лаутаро Мартинез (Интер), Мојсе Кан (Фиорентина) и Матео Ретеги (Аталанта).
Спорт
Залуден трипл-дабл на Јокиќ и 38-те поени на Дончиќ
Кошаркарите на Денвер и ЛА Лејкерс забележаа порази изминатата ноќ во НАБ лигата и покрај тоа што нивните ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ блескаа во дуелите со Далас, односно Феникс.
Денвер го забележа вториот последовен пораз на домашен терен, шести во сезоната. Во „Бол центарот“ во Денвер, Далас Маверикс слвеа 131.121.
Денвер ја доби првата четвртина со 14 поени разлика. Но, одговорот на Далас во втората беше +15.
Нагетс имаа мала предност пред решавачкиот период, но успеаја да постигнат само 19 поени во тие 12 минути.
Дејвис го предводеше Далас со 32 поени и 13 скока. Нембард додаде 28 со десет асистенции. Флег застана на 24 поени.
Никола Јокиќ имаше уште една трипл-дабл вечер. Тој постигна 29 поени со 20 скока и 13 асистенции, го следеше Спенсер Џонс со 28 поени и пет скока.
Лејкерси загубија од Феникс во Лос Анџелес и тоа убедливо 108:125. Брукс ги предводеше Сансе со 33 поени, Гилеспи додаде 28 поени.
Лука Дончиќ играше практично сам, постигна 38 поени со 11 скока и пет асистенции, а Ривс беше следен на листата на најефикасни со 16 поени. Леброн Џејмс постигна десет поени со три асистенции.
Резултати:
Детроит – Атланта 99:98
/Дурен 21 – Џонсон 29/
Индијана – Кливленд 119:135
/Сијакам 26 – Мичел 43/
Вашингтон – Милвоки 129:126
/Мекалум 28 – Портер 30/
Бруклин – Шарлот 116:103
/Портер Јуниор 35 – Книпел 18/
Мајами – ЛА Клиперс 140:123
/Пауел 30 – Ленард 36/
Орландо – Чикаго 125:120
/Бејн 37 – Гиди 22/
Јута – Хјустон 133:125
/Марканен 29 – Дурент 32/
Foto/ EPA

