Спорт
(ВИДЕО) Луди пресврти во Премиерлигата, Сити го победи Вест Хем

Манчестер Сити со пресврт стигна до победа (1:3) на гости против Вест Хем. Домаќинот по првото полувреме имаше предност со голот на Ворд – Праус, но тимот на Пеп Гвардиола се разигра во вториот дел. Џереми Доку постигна првенец во Премиерлигата во 46.минута, Бернардо Силва се погрижи за пресврт во 76.минута, а Ерлинг Халанд го запечати триумфот во 86.минута.
Луда победа оствари Тотенхем (2:1) со два гола против Шефилд Јунајтед во судиското продолжение. Густаво Хамер погоди во 74.минута, но Ришарлисон во 98.минута и Дејан Кулушевски во 100.минута направија пресврт.
Манчестер Јунајтед загуби дома од Брајтон со 1:3. Дани Велбек, Паскал Грос и Жоао Педро донесоа голема предност од 0:3 за гостите, а Ханибал Мејбри постигна почесен гол за „ѓаволите“.
Фулам го победи Лутон со 1:0, а Астон Вила го совлада Кристал Палас со 3:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.
Спорт
(Видео) Хамбург слави – ХСВ се врати во Бундеслига

Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион.
Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт.
Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, кому му е потребен бод во последните деветдесет минути фудбал за математички да ја обезбеди таа цел.
Десетина илјади навивачи извршија инвазија на теренот во Хамбург откако судијата свирна крај на мечот со Улм.
Спорт
Александар Сорлот даде три гола за 3 минути и 57 секунди и испиша историја на шпанскиот фудбал

Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад.
Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига.
Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе му биде доволно на 29-годишниот Норвеѓанец, се излажаа. Сорлот постигна гол и во 30. минута од мечот, правејќи нешто што никој никогаш не го направил, со четири гола во првите половина час фудбал.
Не помина ни година од последниот меч во кој овој играч постигна четири гола – тоа беше на 19. мај против Реал Мадрид минатата сезона, во дресот на Вилјареал.