Свет
Бајден: Разбирам дека сте загрижени за моите години, но ќе се кандидирам оти Трамп ќе ја уништи демократијата
Џо Бајден, најстариот американски претседател во историјата на земјата, вчера изјави дека го разбира фокусот на неговата возраст, но дека ќе се кандидира за реизбор бидејќи Доналд Трамп сака да ја уништи американската демократија.
80-годишникот обично избегнува такви прашања, но сега говореше за својата возраст во Њујорк коментирајќи дека неговото искуство му помогнало да се справи со кризи, како Украина и Ковид-19.
Се чини дека многу луѓе се фокусирани на мојата возраст, рече Бајден. „Разбирам, верувајте ми, го разбирам тоа повеќе од кој било“.
Потоа додаде: „Ќе се кандидирам затоа што демократијата е загрозена бидејќи во 2024 година демократијата повторно е на гласање. И нема сомнеж: Доналд Трамп и неговите републиканци се решени да ја уништат американската демократија“.
Бајден додаде дека нема да им се поклони на диктаторите.
Анкетите покажуваат дека американските гласачи се загрижени за возраста на Бајден пред веројатниот реванш следната година против Трамп, кого го порази во 2020 година.
Трамп во интервју емитувано во неделата рече дека Бајден не е премногу стар, но дека е неспособен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

