Македонија
МОН по средбата со синдикатите: Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа, личните примања третпат во период од една година да бидат зголемени

Реформата на основното образование ќе продолжи во согласност со предвидената динамика затоа што ги дава очекуваните ефекти. Предизвици постојат и тие се надминуваат преку заеднички пристап, а во меѓувреме секоја добронамерна сугестија, која би можела да го олесни спроведувањето и да ја подигне нејзината ефикасност и ефективност, е добредојдена.
Ова беше констатирано на денешната средба помеѓу највисоките претставници на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, како и претставници на СОНК, кои се дел од наставничката фела од областа на географијата и засегнати во оваа трета фаза од спроведувањето на планот за реформирање на основното образование.
На средбата беше потврдено дека реформата е добро конципирана и ќе продолжи да се спроведува со поддршка од сите засегнати страни, а почестите средби и дискусии може да помогнат во надминувањето на предизвиците, кои би можеле да се појават тековно.
Од страна на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, беше посочено дека ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа ниту, пак, ќе добива помала плата поради интеграцијата на предмети што е предвидена со реформирањето. Секој просветен работник, чиј предмет што го предава се интегрира со други предмети од сродната наука, останува на своето работно место, ќе ја добива платата за полн фонд на часови, а дополнително заедно со СОНК ќе се изнајде и заедничко решение личните примања повторно третпат во период од една година да бидат значително зголемени.
МОН ги повикува сите други општествени фактори, а особено оние со моќ за политичко влијание, да дадат свој придонес во заложбите за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем. Промените не може да се случат преку ноќ и со неосновани критики, туку, напротив, етапно и со конструктивно учество на сите засегнати страни и фактори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицевски: Обвинителството да спроведе темелна и сериозна истрага за прислушувањето

Обвинителството да реагира и да спроведе темелна и сериозна истрага, следењето и прислушувањето ги подриваaт демократијата и државата, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Според него, во едно демократско општество какво што сакаме да бидеме, следење и прислушување на опозициски лидер, на бизнисмени и на новинари е сериозен удар и закана врз слободата и довербата во институциите.
„Кога службите што треба да ја гарантираат нашата безбедност биле злоупотребувани за лични и политички цели преку неовластено следење и прислушување политички опоненти и неистомисленици, тогаш се губи довербата во целиот систем. Тоа не е само нарушување на приватноста и кршење на законите, туку и опасен преседан што ги подрива демократијата и државата. Јавноста мора да знае кој, како и зошто во ОЈО дозволил злоупотреба и неовластена употреба на ПИ-мерки? Зошто и за која цел биле прекршени законски пропишаните процедури? Дали токму затоа СДС и ДУИ во Собранието не гласаа за недоверба и смена на јавниот обвинител Љупчо Коцевски?“, напиша Мицевски на „Фејсбук“.
Токму затоа, додава тој, уште еднаш го повикуваме Обвинителството веднаш да реагира и да спроведе темелна и сериозна истрага за да добиеме гаранција дека секој граѓанин ќе биде заштитен од ваква брутална злоупотреба на механизмите и системот.
Македонија
Утре и задутре пороен дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 л/м2), засилен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Македонија
(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери, нагласувајќи дека јавноста заслужува одговори и транспарентност.
„Дозволете да коментирам на линија на секој мој коментар кога станува збор за таква работа. Прво очекувам да има објективно прикажување на работите, фактите да се знаат во јавноста. Доколку е потребно да има истрага и да биде задоволена правдата. Ние во изминатиот период видовме многу најавени скандали, бомбастично од одредени портали, од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ коишто немаа никаква разрешница. Да ве потсветам имаше најава некаква за поткуп на премиерот, понатаму дека бил следен со дронови, понатаму дека ќе има дестабилизација и еве сега некакво следење. Денеска има изјава и од поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, и тој самиот вели, еве, барем нека се декласифицираат информацијата, па да видиме каква е вестината. За да нема лов на вештерки, лов на вештерки, лов во матно мислам дека граѓаните јавноста го заслужуваат тоа, рече Филипче.
СДСМ повикува институциите да постапат одговорно и да ги обелоденат сите релевантни информации, за да не се злоупотребува безбедносниот систем во политички цели и дневни пресметки.