Свет
Зеленски и Лавров очи во очи во Њујорк: првпат од почетокот на војната ќе бидат во иста просторија
Во Њујорк денеска почнува 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, на која ќе се соберат повеќе од 140 светски лидери и државни претставници, а меѓу главните теми се очекува да бидат климатските промени и војната во Украина.
Вообичаено е претседателот на Генералното собрание, Антонио Гутереш, да го има првиот говор во генералната дебата.
Традиционално, прва земја на која ќе се обрати е Бразил, а потоа САД, кои се домаќини на собирот.
По тоа, редоследот на говорниците се одредува со сложен алгоритам заснован на нивото на застапеност, географска рамнотежа и други критериуми, пишува „Гласот на Америка“ (VOA).
На маргините на Генералното собрание ќе се одржат многубројни билатерални и мултилатерални разговори, а планирана е и средба на лидерите на земјите од Западен Балкан и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
На седницата ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Се очекува и двајцата да се обратат на Генералното собрание и да разговараат со американскиот претседател Бајден на маргините на настанот.
Според информациите што може да се слушнат во Њујорк, Зеленски треба да зборува и на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Украина в среда, што значи дека технички ќе биде на иста маса со рускиот министер за надворешни работим, Сергеј Лавров, јави „Гласот на Америка“.
Според досегашните информации, американскиот претседател ќе биде највисоко рангиран лидер кпој ќе претставува една од земјите членки на Советот за безбедност со право на вето во тоа тело по објавувањето дека Риши Сунак ќе биде првиот британски премиер што ќе прескокне седница на Генералното собрание за повеќе од една деценија, а францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не може да присуствува поради напорниот распоред.
Кинескиот лидер Шји Џјинпинг никогаш не присуствува на Генералното собрание на ОН, а сè уште не е познато дали потпретседателот Хан Женг ќе ја претставува Кина наместо министерот за надворешни работи, Ванг Ји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

