Свет
Американските затвореници ослободени од Иран слетаа во САД по договорот за размена
Авионот со пет Американци ослободени од Иран слета денеска во Соединетите Американски Држави еден ден по организираната размена за нивно ослободување, пренесува „Ројтерс“.
Веста дека авионот слетал првично ја објави Си-ен-ен, но во извештајот не се наведени дополнителни детали.
Размената е резултат на повеќемесечни преговори со посредство на Катар. Откога иранските средства блокирани во Јужна Кореја беа одмрзнати, тие беа префрлени во банките во Доха. Кога беше потврден трансферот, петте американски затвореници и двајца нивни роднини полетаа со катарски авион од Техеран во исто време кога двајца од петте ирански затвореници слетаа во Доха.
Тројца Иранци решија да не одат во Иран.
Според „Ројтерс“, овој договор отстранува една точка на несогласување меѓу САД, кои го сметаат Техеран за „спонзор на тероризмот“, и Иран, кој Вашингтон го нарекува „големата сатана“.
Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави враќањето на затворениците, но неговата администрација најави и нови санкции.
„Ќе продолжиме да му наметнуваме трошоци на Иран за нивните провокативни дејства во регионот“, рече тој.
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој беше во Њујорк на годишното Генерално собрание на ОН, замената ја нарече хуманитарна акција.
„Тоа секако може да биде чекор врз основа на кој во иднина може да се преземат други хуманитарни акции“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

