Свет
(Видео) Фатени сите 70 крокодили што избегаа од фарма по поплава

Десетици крокодили, кои побегнаа од фарма за размножување во Кина минатата недела по поплавите, се фатени, објавија државните медиуми.
Повеќе од 70 од овие влечуги избегаа во близина на градот Маоминг, во провинцијата Гуангдонг на југот на земјата, искористувајќи ја поплавата што предизвика излевање на езерото по минувањето на тајфунот.
All the escaped crocodiles in Maoming, Guangdong were captured by the local Agriculture Bureau, and the last one was caught last night. pic.twitter.com/VUElOHfKl0
— BeijingNews 新京报 (@BJNewsWorld) September 19, 2023
Локалните власти почнаа масовен лов на крокодили, а државната телевизија CCTV покажа дека спасувачите користат јажиња за да го извлечат крокодилот од водата.
„Сите сијамски крокодили што избегаа беа заробени, а последниот беше извлечен на брегот ноќта на 18 септември“, објавија државните медиуми.
The flood water situation in Maoming, Guangdong on September 10. Crocodiles escaped from a local crocodile farm due to heavy rain and flood discharge.
China #Guangdong #FLood pic.twitter.com/rVQgFbtkvC
— Spotlight on China (@spotlightoncn) September 13, 2023
Меѓу избеганите крокодили имало 69 возрасни и двајца млади, пишуваат медиумите.
Во Кина крокодилите се одгледуваат поради нивната кожа, но и месо, а понекогаш се користат и во традиционалната медицина.
Покрај тоа што е познат по најголемата фарма за крокодили во земјата, регионот погоен одд поплавите е дом и на тематски парк посветен на крокодилите, според Кинеското национално радио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.
Свет
Фабрики за оружје во неколку држави отвори Иран

Иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзадех тврди дека Иран во неколку држави создал инфраструктура за производство на оружје.
Тој не соопшти во кои земји Иран ќе произведува оружје, но најави дека фабриките најверојатно официјално ќе бидат отворени.
Насирзадех наведе пред војната со Израел еден од приоритети на Иран бил развивање на ракети, но оти сега „би можеле да се сменат приоритетите“.