Контакт

Свет

ОН: Талибанците брутално мачат и убиваат луѓе во затворите

Објавено пред

Обединетите нации забележаа повеќе од 1.600 случаи на кршење на човековите права врз лица приведени од талибанските власти, од кои некои починаа, а речиси половина од нив вклучуваат тортура или малтретирање од страна на полицајците и разузнавачите, покажа објавениот извештај.

dobivaj vesti na viber

Мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА) објави дека 18 лица загинале во затвори и полициски притвор во 19 месеци пред јули 2023 година.

Талибанците раководат со полицијата и разузнавачките служби по преземењето на власта во земјата по повлекувањето на странските трупи во 2021 година.

„Во обид да се изнудат признанија или други информации притворениците се изложени на силна болка и страдање, физички тепања, електрични шокови, задушување, напнати и неприродни позиции на телото и присилно голтање вода, како и врзување очи и закани“, се вели во соопштението на УНАМА.

Други прекршувања на правата вклучуваат случаи кога лицата не се информирани за причината за нивното апсење, не им се обезбедува пристап до адвокат или не им се обезбедува соодветна медицинска нега во притвор.

Приближно еден од десет случаи на кршење на човековите права се однесуваат на жени. Новинарите и членовите на граѓанското општество сочинуваат околу една четвртина од жртвите.
Талибанското Министерство за надворешни работи во одговорот објавен во извештајот рече дека бројот на регистрирани прекршувања на човековите права не е точен, особено во однос на бројот на новинари и застапници на граѓанското општество, се наведува во извештајот.

Министерството рече дека властите и судството работат на зголемување на надзорот и обезбедување усогласеност со одредбите на врховниот водач, кои забрануваат тортура или присилно признавање.

ОН рекоа дека одредбите и обезбедувањето пристап до затворите се охрабрувачки знаци, но повикаа на повеќе активности за подобрување на ситуацијата.

„Овие документирани случаи ја нагласуваат потребата од итна, забрзана акција од сите“, рече Роза Отунбаева, претставник на ОН во Авганистан и шеф на УНАМА.

„Постои итна потреба да се разгледа поголем ангажман со вистинските власти за да се стави крај на овие практики“, додаде таа.

Свет

Француската министерка за култура: Грабежот во Лувр е пораз за сите

Објавено пред

Француската министерка за култура Рашида Дати денес изјави дека немало внатрешен дефект кога станува збор за функционирањето на безбедносните уреди на денот кога се случил грабежот во Лувр, но истакна дека „тој спектакуларен грабеж е пораз за сите“.

dobivaj vesti na viber

Таа вети дека ќе ги „преземе сите потребни мерки“ по грабежот на Лувр кога станува збор за недостатоци и одговорност, и најави дека ќе се формира фонд посветен на безбедноста на музејот.

„Сè уште учиме за нашите неуспеси и кризни ситуации. Очигледно е дека проектот „Оживување на Лувр“ ќе биде забрзан бидејќи има потреба од безбедност и сигурност“, рече Дати, пренесува BFM TV.

Овој проект има за цел да воспостави дополнителен влез во музејот, а трошоците би изнесувале околу 500 милиони евра.

Комитетот за култура во францускиот Сенат денес ја сослуша министерката Дати во врска со предлогот за буџетот за 2026 година, но дел од прашањето се однесуваше и на безбедноста на музејот по грабежот на музејот Лувр.

Утрово, пред Лувр, претседателот на Комисијата за култура при Сенатот, Лоран Лафон, оцени дека безбедноста на таа институција „не е во согласност со нивото на безбедност што може да се очекува кога станува збор за музеј“, пренесува BFM TV.

Лафон рече дека грабежот во парискиот музеј „ја извади на виделина застареноста на некои од нашите најсимболични споменици“.

Откако делегацијата на Комисијата го посети местото на грабежот утрово, сенаторите забележаа дека безна почетокот на 20 век, нагласи Лафон, заклучувајќи дека многу работи треба да се подобрат.

„Денес е потребно да се извршат потребните работи, без разлика дали станува збор за мрежата или видео опремата за безбедност“.

За време на грабежот во Лувр пред девет дена, четворица крадци украдоа вреден накит, чија вредност се проценува на 88 милиони евра.

Во текот на викендот, полицијата уапси двајца осомничени за грабеж.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Хамас го одложи предавањето на телата на заложниците поради кршење на прекинот на огнот

Објавено пред

Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди нови воздушни напади врз Појасот Газа поради, како што рече, кршење на прекинот на огнот од страна на Хамас, се појавија нови компликации во спроведувањето на договореното примирје, пишува Ал Џезира.

dobivaj vesti na viber

Бригадите Касам, военото крило на Хамас, објавија дека ќе го одложат предавањето на телото на израелски затвореник, кое беше пронајдено порано денес, „поради прекршувања“ од страна на Израел. Во соопштението се нагласува дека секоја израелска ескалација „ќе се меша во операциите за пребарување, копање и пронаоѓање, што ќе доведе до одложувања во пронаоѓањето на телата“ на мртвите затвореници, пишува Ал Џезира.

Израел претходно објави напади од Хамас врз неговите сили во јужна Газа, додека Хамас врати сет останки за кои Израел тврдеше дека му припаѓале на претходно спасен заложник.

Доцнењето во предавањето на телата, според написите, дополнително ги комплицира планираните следни фази од примирјето, вклучувајќи го разоружувањето на Хамас, распоредувањето на меѓународните безбедносни сили во Газа и договорот за управување со територијата. Хамас тврди дека има проблеми со пронаоѓањето на телата поради масовното уништување во Газа, додека Израел ја обвинува групата за намерно одложување.

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху нареди напади врз Газа

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на Израелските одбранбени сили да „извршат итни и моќни напади во Појасот Газа“, соопшти неговиот кабинет по свикувањето состанок за одговорот на Израел на повторените прекршувања на прекинот на огнот во Газа.

dobivaj vesti na viber

Одлуката дојде кратко откако војниците на израелските одбранбени сили беа нападнати во јужниот дел на Појасот Газа, а во услови на израелски гнев поради понатамошните прекршувања од страна на Хамас, вклучително и враќањето на телата на заложниците, објави „Тајмс оф Израел“.

Останките што Хамас ги предаде на израелските власти синоќа му припаѓаат на Офир Карфати, чие тело беше пронајдено од израелската армија во Појасот Газа во декември 2023 година, помалку од два месеци по неговото киднапирање за време на нападот на Хамас.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека со овој чин Хамас „јасно го прекршил договорот“ што го обврзува да ги врати телата на 13 убиени затвореници кои сè уште се во Газа.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран...

Македонија5 часа

(Видео) Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и...

Македонија6 часа

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за...

Македонија8 часа

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани,...

Македонија9 часа

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет

Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан...

Топ10 часа

Во Кавадарци со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет12 часа

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...

Европа12 часа

Русија: Украина ја напаѓа Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред

Украина ја нападна Москва со беспилотни летала втора ноќ по ред, соопштија денес руското Министерство за одбрана и градоначалникот на...

Свет13 часа

(Видео) Експлозија во австралиски рудник, двајца загинати

Две лица загинаа, а едно беше повредено денес во експлозија во од неодамна повторно отворен рудник во австралиската држава Нов...

Свет13 часа

Судијата му дозволи на убиецот на Чарли Кирк да носи обична облека на суд

22-годишниот маж обвинет за убиство на истакнатиот конзервативен активист Чарли Кирк може да се појави на суд во „цивилна облека“,...

Европа13 часа

Фон дер Лајен: Литванија се соочува со хибридна закана, нема да го толерираме тоа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изрази целосната солидарност на Европа со Литванија во врска со постојаните...

Европа13 часа

Зеленски потврди дека Русите влегле во Покровск

Руските сили ја фокусираа целата своја напаѓачка моќ врз Покровск, град во источна Украина каде што сега се водат жестоки...

Македонија23 часа

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...

Македонија1 ден

Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители...

Македонија1 ден

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата...

Македонија1 ден

Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД,...

Топ1 ден

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ1 ден

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...