Контакт

Економија

НБРМ: Промени во задолжителната резерва за натамошна поддршка на денаризацијата и зголемување на каматните стапки за 0,15-процентни поени

Објавено пред

Вчера, се одржа седница на Советот на Народната банка, како и редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика, информираат од НБРМ.

dobivaj vesti na viber

Соодветно на тековните економски и финансиски услови, на седницата на Советот беше донесена одлуката за зголемување на стапката на издвојување задолжителна резерва во девизи како натамошна поддршка на процесот на денаризација. Воедно, на седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,15-процентни поени до нивото од 6,30 %. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за 0,15-процентни поени, со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 4,20 и 4,25 %, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Поради зајакнување на досегашните позитивни ефекти врз валутната структура на штедењето, како и за поддршка на процесот на монетарна трансмисија, Советот на Народната банка донесе одлука за дополнително зголемување на стапката на задолжителна резерва на девизните обврски на банките од 20 на 21 %, а зголемен е и процентот на одржување на задолжителната резерва од обврските во странска валута, која се исполнува во евра, од 80 на 81 %. Овие измени ќе се применуваат од 20 декември 2023 година. Измените во задолжителната резерва, заедно со макропрудентните мерки преземени досега, ќе придонесат за зајакнување на системската отпорност и претставуваат дополнителна поддршка на монетарните промени. Монетарното затегнување почна од крајот на 2021 година, првин преку интервенциите на девизниот пазар и оптималното управување со ликвидноста, а потоа од април минатата година и со зголемувањето на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти.

Одлуката за промена во каматните стапки е условена од најновите податоци и оцени за клучните показатели за монетарната политика, кои упатуваат на постепена стабилизација, иако сè уште постојат ризици. Во согласност со монетарните мерки преземени од крајот на 2021 година наваму, како и намалените притисоци од увозните цени, домашната инфлација и натаму забавува и во август 2023 година на годишна основа изнесува 8,3 %. Базичната стапка на инфлација исто така забавува укажувајќи на значително помали ценовни притисоци од помалку променливите ценовни категории, а во согласност и со постојаното забавување на растот на личната потрошувачка. Во однос на светските цени, и натаму се очекува нивно намалување при поголема надолна корекција, во споредба со претходните оцени. Сепак, домашната инфлација и натаму е на релативно високо ниво, што претставува ризик за инфлациските очекувања. Овие аспекти, заедно со непредвидливоста на светските пазари поради војната во Украина, налагаат потреба од натамошна претпазливост во водењето на монетарната политика. Со оглед на применуваната монетарна стратегија при носењето на монетарните одлуки се зема предвид и поставеноста на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), која на последната седница повторно ги зголеми каматните стапки заради натамошно стабилизирање на инфлацијата во еврозоната.

Што се однесува до домашната економска активност, во вториот квартал од 2023 година реалниот раст на БДП забави сведувајќи се на 1,1 % на годишна основа од 2,1 % во претходниот квартал. Од структурен аспект растот произлегува од нето-извозот, надополнет и од личната потрошувачка, која постепено забавува. Остварувањата во првата половина од годината се малку подобри од проекциите на Народната банка, но ризиците од надворешното окружување за економската динамика и натаму се неповолни. Високофреквентните податоци за третиот квартал од 2023 година, со кои се располага во моментот, се недоволни за согледување на состојбите во целина, но засега податоците за јули покажуваат мали негативни движења кај индустриското производство, како и умерено продлабочување на реалниот пад кај прометот во вкупната трговија.

Во согласност со меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на август е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Од почетокот на годината девизните резерви бележат раст при поволни поместувања на девизниот пазар. Народната банка, збирно од јануари наваму, интервенира со нето-откуп на девизи при исклучително поволни движења во текот на периодот јули – август. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во јули 2023 година засега е понизок од очекувањата според априлската проекција, но периодот на оцена е премногу кус за да може да се изведат попрецизни заклучоци. Податоците за менувачкото работење заклучно со август 2023 година упатуваат на подобри остварувања и повисоки нето-приливи од приватните трансфери, во однос на априлската проекција.

Во монетарниот сектор последните податоци заклучно со август 2023 година и натаму упатуваат на посилен раст кај депозитите во однос на априлските очекувања, а на кредитниот пазар кредитната активност е во согласност со очекувањата во априлската проекција.

Општо земено последните расположливи податоци за клучните макроекономски показатели укажуваат дека е неопходна натамошна претпазливост во водењето на макроекономските политики, кои може да влијаат на побарувачката. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со кои ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

Економија

Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14 отсто во јули, споредено со истиот месец лани

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека економијата се опоравува и какви се макроекономските показатели во индустријата, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Државниот завод за статистика објави параметар вчера, во којшто вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец претходната година. И тоа е тренд кој што нѐ следи цела година, но она кое што за мене е забележливо, е фактот што таа трговија во индустријата, во делот на размена со странство е дури и повеќе зголемена, отколку трговијата во индустријата дома.

Кога зборувам повеќе надвор, зборувам за повеќе од 15% и тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силна, зголемена трговија во индустријата. И тоа е добар показател, бидејќи јули е првиот месец од третиот квартал. Во првиот квартал имавме 3,2% раст на БДП, во вториот квартал 3,4 иако номиналниот е 7,8. Очекувам во третиот и четвртиот квартал тој раст да продолжи до крајот на годината. Така што ова се сѐ индикатори коишто ние со години наназад, не сме биле ни блиску да ги постигнеме, а камо ли пак да ги коментираме.“

Прикажи повеќе...

Економија

Дурмиши на „Бизнис Лидер“: Владата и стопанството се партнери во градење на модерна и одржлива економија

Објавено пред

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати како почесен гостин на најголемата бизнис конференција во земјава – „Бизнис Лидер“, која ги обединува најуспешните претприемачи, визионери и компании што ја движат македонската економија напред.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање, министерот истакна дека оваа конференција претставува симбол на волјата, капацитетот и одговорноста за зајакнување на темелите на економијата и за создавање подобра иднина за граѓаните.

„Нашата визија е јасна – Македонија да стане зелена, дигитална и иновативна економија, со силно претприемништво и со култура на иновации во секоја компанија. Само преку партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор можеме да обезбедиме стабилен раст, нови работни места и подобар животен стандард за сите граѓани“, рече Дурмиши.

Прикажи повеќе...

Економија

„Усвоен Законот за енергетската ефикасност: пониски сметки, почист воздух и европски стандарди“, известува Министерството за енергетика

Објавено пред

Собранието на Република Северна Македонија на последната седница го усвои Законот за енергетската ефикасност, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Со оваа одлука земјата добива уште една силна законска рамка, усогласена со европските стандарди, која директно ќе придонесе за пониски сметки за граѓаните, почиста животна средина и отворање нови зелени работни места, велат од Министерството за енергетика.

dobivaj vesti na viber

„Законот обезбедува суштински исчекор во намалување на потрошувачката на енергија, интеграција на обновливи извори и намалување на емисиите на стакленички гасови. Со неговото спроведување ќе се создаде стабилен систем, кој ќе ја приближи земјата до европските климатски цели и до концептот на зелена транзиција.

Клучни новини од Законот:

• Воведување на европскиот принцип ‘енергетската ефикасност на прво место’;

• Долгорочна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради во енергетски ефикасни објекти;

• Тројно зголемена заштеда во јавниот сектор – задолжителна реконструкција на најмалку 3 % од јавните згради годишно;

• Задолжителни соларни колектори при изградба или реконструкција на училишта, градинки и јавни институции;

• Финансиска поддршка за инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии;

• Високи стандарди во јавните набавки, дигитална транспарентност и професионализација на енергетските контроли;

• Вклучување на сертификатите за енергетски карактеристики во Катастарот на недвижностите и поттик за меѓуопштинска соработка.

Со усвојувањето на овој закон се воспоставува правна, економска и социјална рамка, што ги намалува трошоците за граѓаните и бизнисите, ја забрзува интеграцијата на обновливите извори и овозможува креирање одржлив енергетски систем.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на целосната реализација на реформите во енергетскиот сектор и на усогласување со европското законодавство. Законот за енергетска ефикасност е дел од пакетот реформски закони, кои го поставуваат темелот за стабилен, одржлив и конкурентен енергетски сектор – со енергетска сигурност, подобар квалитет на живот за граѓаните и забрзано приближување кон Европската Унија“, се додава во соопштението на Министерството за енергетика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Увидот во Трубарево отежнат поради затрупувањето на локацијата, се вршат и дополнителни мерења на загадувањето

Скопското обвинителство и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија,...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија6 часа

„Влен“: ДУИ за власт е подготвена да ја продаде Струга на Левицата, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...

Европа8 часа

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени апсења

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на...

Свет8 часа

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија....

Европа8 часа

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на...

Европа8 часа

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар...

Македонија17 часа

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа19 часа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија20 часа

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ23 часа

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија1 ден

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија1 ден

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија1 ден

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија1 ден

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија1 ден

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија1 ден

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...

Свет1 ден

Рубио: Трамп е единствениот лидер што може да разговара со Русија, Украина и со Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, објави американскиот...

Македонија1 ден

„Марш за ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица....