Македонија
Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, и лидерите од регионот

Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на учеството на 78. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, вчера попладне присуствуваше на средба, која за лидерите на земјите од Западен Балкан ја организира потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.
На средбата се разговараше за актуелните состојби и европските перспективи на земјите од Западен Балкан, за реформските процеси што се одвиваат, како и за политичките и економските текови во регионот во контекст на геополитичките случувања.
Во разговорите беше укажана неопходноста од брза реализација на стратешките одлуки во однос на политиката на проширување и интегрирање на Западен Балкан во Европската Унија во интерес на безбедноста, стабилноста и напредокот на регионот и истовремено одржување на кредибилитетот на ЕУ.
Воедно, соговорниците разменија информации и за мерките и активностите што се преземаат во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ како одговор на руската воена инвазија врз Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со јапонски искуства ќе се трансформира системот за управување со кризи и заштита и спасување, Ангелов ја заврши посетата на Јапонија

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко Стефаноски (носител на соработката) ја завршија исклучително успешната и корисна еднонеделна работна посета на Јапонија што ќе ја продлабочи понатамошната соработка меѓу ЦУК и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), соопшти Центарот за упрвување со кризи.
„Стекнатите искуства и знаења ќе бидат добредојдени во процесот на трансформација на системот за управување со кризи и заштита и спасување (СУК)“, информираат од ЦУК.
Директорот Стојанче Ангелов, изрази голема благодарност до Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија којашто ја овозможи оваа работна посета покривајќи ги сите трошоци, вклучително и авионските билетите и хотелското сместување во Јапонија.
Од ЦУК додаваат дека за повеќето информации од конкретни активности во Јапонија, јавноста ќе биде информирана во наредниот период.
Македонија
Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”.
Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка .
„Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита“, велат од Обвинителството.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и обвинителката Ана Гоговска Јакимовска претходно на прес-конференција информираа дека се поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози. Според обвинението, 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија.
Македонија
(Видео) Манасков: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници и учениците, ништо од ветеното не исполни, изјави на прес-конференција, Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ.
Од партијата по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители изразија благодарност до просветните работници и до сите оние кои секојдневно вложуваат целосна посветеност во воспитно-образовниот процес и во создавањето на идни професионалци во различните области на општественото живеење.
Тој рече дека Владата на СДСМ работела на создавање на соверемен и инклузивен образовен систем достапен за сите, па зборуваше за зголемувањето н аплатите за 56 отсто во основното и средното образование, вклучително и воведување на регрес за годишен одмор првпат по 20 години. Го спомена укинувањето на екстерното тестирање и казните за наставниците, и воведувањето на дуалното образование.
Според СДСМ, денес има уназадување на образовниот процес и статусот на наставниот кадар, а ВМРО-ДПМНЕ нема ниту волја ниту слух за зголемување на платите на вработените во образованието иако потрошувачката кошничка секојдневно расте.