Спорт
(Видео) Онана ја презеде вината за поразот во Минхен
Баерн Минхен го победи Манчестер јунајтед со 4:3, во првото коло во Лигата на шампионите. Победата на Баерн ја најави лошата реакција на голманот Андре Онана во 28.минута. Камерунецот призна дека тој е главниот виновник за поразот на „црвените ѓаволи“ во Минхен.
„Почнавме многу добро, но по моја грешка изгубивме контрола врз играта. Беше тешка ситуација за нас, особено за мене бидејќи јас бев тој што го изневери тимот. Тимот беше добар. Не го добивме овој натпревар поради мене. “, изјави камерунскиот голман и додаде:
„Искрено, мојот почеток во Манчестер не е толку добар, не е каков што сакам. Играв како што играв и го имав еден од најлошите натпревари досега. Тешко ми е кога губам бидејќи имаме големи амбиции, ние сме голем клуб и сакаме да освоиме се. Тоа беше голема можност за нас да се вратиме од ситуацијата во која бевме“, изјави Онана.
Onana is an absolute bum. pic.twitter.com/OfPSruvRgB
— Kloppholic (@Kloppholic) September 20, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(ВИДЕО) Среќата е на негова страна
Актуелниот трикратен светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен изјави дека и следната сезона ќе вози за Ред Бул.
„ Да, работиме на болидот за следната сезона. А кога сте фокусирани на тоа, значи дека возите за тој тим“, изјави Ферстапен.
Холандскиот возач има договор со Ред Бул до 2028 година.
Некои медиуми објавија дека Ферстапен следната година би можел да го замени Луис Хамилтон во тимот на Мерцедес, кој на крајот од сезоната се сели во Ферари.
„Се разбира, луѓето кажуваат секакви работи, но најважно е што имаме многу конкурентен болид за иднината. Работиме и се фокусираме на следната сезона за да се обидеме повторно да бидеме конкурентни“, изјави возачот на Ред Бул.
Ферстапен моментално е на првото место во генералниот пласман на возачи со 219 бодови. Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 30 јуни за Големата награда на Австрија.
Спорт
Милиони за канадскиот кошаркар Мареј
Канадскиот кошаркар Џамал Мареј доби нов договор од Денвер Нагетс.
Соиграчот на Никола Јокиќ ќе добие 209 милиони долари од поранешниот шампион во НБА во следните четири години.
Тоа е максимален договор за поранешниот студент од Кентаки кој минатата сезоната имаше просек од околу 21 поен, 6 асистенции и 4 скока.
Мареј беше избран од Нагетс на драфтот во 2016 година од седмата позиција и во 2023 година беше дел од тимот кој стана шампион во НБА.
Спорт
Монако со ново засилување
Монако претстави ново засилување, а тоа е Вито Браун, поранешниот кошаркар на Пинар Каршијака.
Браун, кој ги покрива крилните позиции на центарот, потпиша двегодишен договор со тимот на Саша Обрадовиќ, а следната сезона во Евролигата ќе биде негово деби.
Досега имаше искуство само во европските натпреварувања во Лигата на шампионите на ФИБА.
Кариерата ја изгради преку развојната лига во Америка, а потоа замина во Европа, каде играше за Ле Ман, а потоа и за Реал Бетис.
Во Пинар Каршјак пристигна во 2022 година, каде запиша две солидни сезони. Во Лигата на шампионите на ФИБА, тој имаше просек од 13,3 поени со 4,6 скока.
Монако досега го доведе само Ник Калатес, но исто така направи добра работа во тимот бидејќи Мајк Џејмс и Џејрон Блосомгејм потпишаа нови договори.