Македонија
Отровен пестицид во пиперки увезени од Македонија откриен во Хрватска
Забранет отровен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Северна Македонија, објави Европскиот систем за брзо предупредување за сообраќај со храна.
„Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форматенат. Ризикот е сериозен“, се вели во соопштението.
Земја на пријава е Хрватска. Се претпоставува дека пестицидот е откриен со анализа на примероци од пиперка на хрватскиот пазар бидејќи нема информации дека пратката е вратена од граница.
Форметанат, како што анализираат тамошните медиуми, е исклучително ефикасен инсектицид што се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во Европската Унија е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.
Форметанатот е акутно токсичен ако се проголта орално, умерено токсичен ако се вдишува и има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.
Многубројни научни студии докажаа дека форматенатот може да биде токсичен преку инхибиција на холинестеразата. Активноста на холинестеразата е примарно одредена кај заболувања на црниот дроб, сомнително труење со пестициди и атипична форма на ензимот.
Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форматанат кај стаорци беа намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлање и абнормална тишина.
Беше заклучено дека пестицидот форматенат е потенцијално невротоксичен токму поради неговата способност да ја инхибира холинестеразата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради јавен собир во прекин сообраќајот кај Плетвар
Од 11:30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП, на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети, соопшти АМСМ.
Кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје према Охрид, возилата се пренасочуваат преку регионален пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид према Скопје е слободна за движење.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Попова Шапка – с.Лисец.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планира поддршка за проекти од национален интерес во културата, изјави:
„Да, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата“.
Македонија
По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот
Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните протести за „Безбеден град“.
Утрово, премиерот разговарал со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и побарал од него соодветна реакција за секое прекршување на законот.
„Она што го побарав од него е кон секој оној што го прекршил законот, се заканувал и го загрозил мирот на граѓаните, жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко, за да не се повтори вчерашното дивеење што се случи“, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање.
Вчера на неколку локации во државата беа блокирани патни правци, при што граѓани палеа гуми на коловозите и протестираа, изразувајќи незадоволство од измените во Законот за сообраќај и одземањето на неколку моторни возила. Жители на повеќе ромски населби низ Македонија тврдат дека се дискриминирани, наведувајќи дека дел од нив немаат завршено образование и поради тоа немаат услови да полагаат за возачка дозвола.

