Спорт
(Видео) Уште ова го немавме видено – Џорџо Кјелини со луд обид за „ножички“
Порнешниот капитен на Јувентус, Џорџо Кјелини можеби има 39 години, но очигледно уште ужива во фудбалот, откако на меч за неговиот Лос Анџелес ФЦ се обиде да даде гол со ножички на мечот со Сент Луис СЦ.
На 0:0 во второто полувреме, дефанзивецот имаше прекрасен обид, кој на крајот заврши во рацете на поранешниот голман на Борусија Дортмунд, Роман Бирки.
„Како добро вино“, коментираа од неговиот поранешен клуб Јувентус на социјалните мреи.
39-years-young.
— LAFC (@LAFC) September 21, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ричи го продолжи договорот со Торино
Фудбалскиот клуб Торино денеска соопшти дека Самуеле Ричи потпишал нов договор.
Ричи има 23 години, игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а интересно е што Манчестер сити го следеше цела есен и што се споменуваше како замена за Родри.
Сепак, Италијанецот реши да потпише нов договор со Торино, до летото 2028 година.
Неговиот актуелен договор истекуваше во 2026 година. Ричи во Торнио пристигна од Емполи во летото 2022 година за 8,5 милиони евра.
Во меѓувреме Ричи стана италијански репрезентативец, со шест настапи за „азурите“.
Спорт
Ѓоковиќ: Се надевам дека ова е годината во која ќе го освојам Бризбејн
Новак Ѓоковиќ ја почна 2025 година со победата против Гаел Монфис во Бризбејн со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето.
По мечот, Ѓоковиќ беше доста расположен. На прашањето што го држи мотивиран да игра на високо ниво, најдобриот играч на сите времиња одговори:
„Никогаш не сум го освоил Бризбејн. Се надевам дека ќе биде оваа година, затоа сум тука. Играв тука одамна, во 2009 година, а исто така и со српскиот тим на АТП купот. Немам играно многу генерално, но секогаш беше пред полн стадион. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката, секогаш сум ја имал тука“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер во Бризбејн го брка 100. трофеј во кариерата.
„Би било одлично ако тоа се случи. Децата ми рекоа дека морам да имам два различни вида на прослави. Ќерка ми сака да свирам на виолина, а син ми сака да свирам саксофон, па се обидов да ги направам и двете. Тоа е првпат со моето семејство во Австралија, патот е долг, но тие дојдоа за да бидат со мене. Моето срце е полно поради тоа“.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со Опелка, кој има одличен сервис.
„Имаме неколку одлични сервери на турнирот. Опелка би бил одличен кошаркар. Тој беше повреден неколку години и се мачи многу. Никогаш не сум играл со него. Ќе морам да се движам неколку чекори далеку од основната линија за тој прв сервис, тоа ќе биде сосема поинаков натпревар. Ќе дадам се од себе да се подготвам“, рече Ѓоковиќ.
Спорт
Консеисао подготвил листа со засилувања
Новиот тренер на Милан, Сержо Консеисао, го започна својот мандат во клубот. Тој веќе составил листа на засилувања за јануарскиот преоден рок.
Според „Газета дело спорт“, Консеисао го сака крилниот напаѓач Пепе. Токму Консеисао го донесе Пепе во Порто од Гремио во 2021 година за 15,5 милиони евра.
Пепе не е млад играч, има 27 години, но Консеисао верува дека би бил од голема помош бидејќи може да игра на двете крилни позиции.
За Порто одигра 170 натпревари, постигна 24 гола и 30 асистенции.
Покрај Пепе, Консеисао го сака и Антонио Силва, 21-годишниот дефанзивец на Бенфика. Милан понуди пет милиони евра за позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп на лето за дополнителни 25 милиони. Бенфика оваа понуда ја одби, но се чека нов напад од „росонерите“.
Трет на листата на желби е Рандал Коло Муни, напаѓачот на Пари Сен Жермен кој во актуелниот преоден рок сигурно ќе го напушти Париз. Французинот има бројни понуди и од Премиер лигата, па Милан ќе има тешка задача да го реализира овој трансфер.