Спорт
Леви: Згрешив што ги донесов во Тотенхем Антонио Конте и Жозе Мурињо

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви вели дека направил „грешка“ што ги ангажирал Жозе Мурињо и Антонио Конте како менаџери на лондонскиот клуб, посочувајќи дека со новиот прв чоовек, Ејнџ Постекоглу клубот се враќа „кон своите корени“.
Во март, поранешниот тренер на Јувентус и Интер, Конте стана вториот трофеен тренер кој си замина од Тотенхем во период од помалку од три години, откако пред две години Мурињо доби отказ иако беше донесен како замена за успешниот и популарен Маурисио Почетино.
„Јас сакам да освојуваме титули како сите други навивачи на клубот. Фрустрацијата од тоа што не победуваме и притисокот од некои играчи беа елементи кои беа неизбежни, и затоа сметавме дека мораме да потрошиме пари, да донесеме големо тренерско име. Со Маурисио имавме многу добри времиња, бевме блиску до титулите, но поминувавме низ тежок период и ја сменивме стратегијата. Решивме да донесеме трофеен менаџер и го направивме тоа двапати. Тоа се грешките од кои научивме. Тие двајца се одлични тренери, но можеби не се за овој клуб. Ние сакаме да играме на одреден начин и затоа Ејнџ е вистински човек за нас“, вели Леви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
За Ендрик нема место во Реал

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик не успева да се наметне во Реал под команда на Чаби Алонсо. Бразилецот е закован за клупата, не одигра ниту една секунда од почетокот на сезоната и се очекува во јануари да биде испратен на позаијмица.
Пред неколку недели Ендирк се поврзуваше со Валенсија, а бразилскиот „ESPN“ пишува дека Марсеј се приклучил во трката.
Тимот предводен од Роберто де Зерби има бод помалку од првопласираниот Пари Сен Жермен и се чини дека би можеле да се борат оваа сезона за титулата.
Со оглед на тоа што Африканскиот куп на нации доаѓа во зима, Марсеј ќе биде без Обамејанг и Гири со што ќе се отвори дупка во нападот и потенцијален проблем во трката за трофејот.
Ендрик би можел да биде решението. Засега, Бразилецот не сака да брза со одлуката, но очигледно е дека ќе мора да замине од Мадрид доколку сака да игра и да се избори за место во репрезентацијата која ќе настапи на Светското првенство следното лето.
Спорт
„Модриќ, Џеко, Варди. Кој ќе плати за да гледа гробишта за слонови?“

Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиѓа предизвика бурни реакции откако објави нова епизода од подкастот „Центрокампо“, каде што даде низа остри коментари против одредени фудбалски ветерани, вклучувајќи го и Лука Модриќ.
Неговите изјави, кои ги пренесоа „Milannews.it“ и бројни корисници на социјалните мрежи, предизвикаа бран полемики во Италија.
Во клип кој брзо стана вирален, Барџиѓа ја спореди италијанската Серија А со „гробишта на слонови“, алудирајќи на фактот дека клубовите сè повеќе им даваат шанса на играчите во доцните фудбалски години, наместо на помладите таленти.
Како примери ги наведе Лука Модриќ, Един Џеко и Џејми Варди.
„Модриќ во Милан, Џеко, Варди… Тие се готови како играчи! Кој ќе плати за да гледа гробиштата на слонови? Го носите Ричи за 25 милиони, а играте со некој што има 40 години!“, рече Барџиѓа, предизвикувајќи лавина реакции од јавноста.
Сепак, формата на хрватскиот ас ги негира сите негови тврдења. Лука Модриќ, кој ова лето пристигна во Милано како слободен агент од Реал Мадрид, продолжува да докажува дека возраста не е пречка за него. Од почетокот на сезоната, тој ги одигра сите шест натпревари од Серија А во почетниот состав и e еден од клучните играчи во тимот на Масимилијано Алегри.
„Росонерите“ моментално се на третото место на табелата, а примија само три гола.
Покрај тоа, „Ла Газета дело Спорт“ наведува дека Модриќ е на самиот врв во лигата по бројот на прецизни додавања и точноста на додавањата, поради што раководството на Милан веќе планира да му понуди продолжување на договорот.
Спорт
„Нејмар во Интер? Глупости!“

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос.
Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот.
Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А.
Сепак, тоа нема да биде Интер од Милано, бидејќи спортскиот директор на овој клуб, Пјеро Аусилио, ги негираше тврдењата на медиумите.
„Нејмар во Интер? Тоа се глупости! Никогаш не сме разговарале за тоа, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но напредокот на Пио Еспозито и Бони ни овозможи да видиме напредок. Исто така, го следевме Хојлунд“, рече Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“.