Македонија
Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол
Претседателот Стево Пендаровски, вчера, во Њујорк, оствари билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол.
На средбата, која е прва на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за продлабочување на билатералната соработка и зближување на двете земји по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година.
Двајцата претседатели потенцираа дека постојат можности за развој на политичкиот дијалог на сите нивоа, интензивирање на економската соработка, како и соработка во мултилатералните организации.
Пендаровски изрази интерес за зголемување и унапредување на економската соработка, при што посочи дека размената на деловни делегации, која станува сè поинтензивна, овозможува да се искористи потенцијалот за продлабочување на оваа соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер.
Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша.
„Во овој период, согласно овластувањето од 27.05.2024 година, заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, во целост може да ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството, а веќе извршена е и измена и во Централниот регистар“, велат од МЗШВ.
Македонија
185 санкционирани возачи на мотоцикли
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 185 возачи, извести МВР.
„Од нив, 113 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци“, соопшти МВР и додаде дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата
Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата.
„Сведоци сме на целосно разградени институции и нивна неефикасност и разнебитеност. Најеклатантен пример е Министерството за здравство, каде Клиничкиот центар е во целосен колапс и истиот не може да обезбеди врвна здравствена заштита на граѓаните.
Состојбата е слична во многу други институции, а перфидните најави и закани за дестабилизација на државата на етничка основа само ја изоструваат потребата од брзо формирање Влада, која треба да профункционира со полн капацитет.
Добро е во Парламентот да има координации, усогласувања и компромиси, но врвен државен интерес е реорганизација на министерствата и избор на нова Влада. Сѐ друго е политизација и манипулација, на штета на интересите на граѓаните“, велат од Демократскиот сојуз.