Црна хроника
Скопјанец нападнал вработен во казино во Аеродром

Денеска во 04.20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го привеле Д.С.(31) од Скопје затоа што околу 03.17 часот во казино на подрачје на Аеродром физички нападнал вработен како обезбедување.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник во Скопје објавил фотографии со експлицитна содржина од неговата девојка

Малолетник во Скопје објавил фотографии со експлицитна содржина од неговата девојка откако нејзината мајка и забранила да се гледа со него.
Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка добивала закани од малолетник, со кој била во љубовна врска, а откако му кажала дека таа ѝ забранила да се гледа со него, на социјални мрежи објавил нејзини фотографии со експлицитна содржина.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбени маркети во Чаир и на Бит-пазар, разбојниците се заканувале со нож

Два маркети се ограбени во текот на вчерашниот ден во Чаир и на Бит Пазар.
Според информациите на МВР, вчера во 21.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет.
Малку подоцна, во 21.59 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со остар предмет кон вработената, одзело пари од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Пријава за несовесно работење против полицајци, дозволиле да застарат 14 кражби

МВР поднесе кривични пријави против двајца полицајци од Велес поради несовесно работење. Тие не презеле дејства и не постапиле навремено со што овозможиле кај 14 кривични дела „кражба“ да настапи застарување на делото.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична против А.С. и Л.Т.М..
Пријавените, во време на извршување на делото во периодот од 08.07.2020 до 06.12.2021, на работно место полициски службеници во Отсек за општ криминалитет при СВР Велес несовесно постапувале со предметите кои им биле доверени во вршењето на своите овластувања.
Имено, по вкупно 14 предмети за сторени кривични дела „кражба“, и „тешка кражба“, пријавените не постапиле навремено, не преземале дејствија во однос на реализација и откривање на сторителите и не го известиле надлежното јавно обвинителство, со што дозволиле делата апсолутно да застарат за гонење.