Контакт

Култура

СДСМ: Со нас македонската култура постигнува значајни успеси

Објавено пред

„Со посветеноста и заложбите на СДСМ, македонската култура постигнува значајни успеси и резултати.

dobivaj vesti na viber

Изборот на Скопје за престолнина на културата во Европа за 2028 година е успех за македонската култура и признание за влогот на институциите предводени од СДСМ, Министерството за култура, Владата но и поранешната локална власт на Градот која имаше визија и ја подготви апликацијата.

Додека ДПМНЕ го уназадува Скопје, СДСМ обезбедува можности за развој.

Освојувањето на титулата Европска престолнина на културата овозможува значителни културни, економски, социјални придобивки за Скопје, и одлична можност Скопје и целата македонска култура во 2028 година да се претстават во најдобро светло на европската и светската сцена.

Овој нов успех на македонската култура доаѓа само неколку дена по одлуката на Комитетот на УНЕСКО Охридскиот регион да остане на листата на светско културно и природно наследство, со исклучителна универзална вредност. Важноста на Охридскиот Регион е немерлива и трајна. Затоа, наша должност е да го заштитиме.

СДСМ, преку институциите коишто ги предводи покажа одговорност во заложбите за негување и промоција на културното богатство и преземените чекори и мерки се препознаени и валоризирани“.

Соопштение на СДСМ



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Свечено отворање на 45. издание на фестивалот Скопско лето со ексклузивен концерт на хрватскиот уметник, пијанист и композитор Звездан Ружиќ во Куршумли ан на 21 јуни

Објавено пред

Повеќенаградениот хрватски пијанист и композитор Звездан Ружиќ ќе настапи на отворањето на Скопско лето.

dobivaj vesti na viber

Звездан доаѓа во Скопје со својот уникатен проект „Пијанотрон“. Пијанотрон е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звездан свири со нозете. Накратко – Звездан е човек оркестар! Иако Звездан е академски џез-пијанист, тој го опишува „Пијанотрон“ како филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно-музиката. Тој има соработувано со многу големи уметници, како што се: 2Cellos, Harlem Gospel Choir, Јосипа Лисац, Масимо Савиќ, Нели Андреева, Лука Паљетка и многу други. Со својата музика има настапувано во целиот свет: од Америка, Европа, одржа две големи турнеи во Кина, а со 2Cellos одржа голема турнеја во Јапонија, Австралија и на Нов Зеланд.

Неговите авторски албуми беа наградени со 5 престижни награди за дискографија „Порин“ (познато како хрватско „Греми“), а Хрватскиот музички сојуз 6 пати му ја додели наградата „Статус“ за најдобар џез-пијанист во Хрватска.

Звездан е официјален уметник за Yamaha Pianos за целиот свет, а во Скопје пристигнува директно од Лондон, каде што моментно живее и ја гради својата меѓународна кариера. На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звездан Ружиќ и неговиот „Пијанотрон“ ќе ја почестат публиката во Скопје со вечер за паметење.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворен повик за автори со креативни документарни проекти за учество на МакеКоПроДокс форум 2024

Објавено пред

МакеКоПроДокс форумот на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ има за цел да развие стратешки план за зајакнување на копродукциите на документарниот филм помеѓу земјите од Балканот. Форумот пречекува претставници од регионалните филмски центри, професионалци за документарен филм и 10 проекти кои се во различни фази на продукција.

dobivaj vesti na viber

Шестото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи за време на 15тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Датум и локација: 19-21 август 2024, Скопје

Кој може да аплицира: Продуценти/автори на документарни филмови продуцирани, копродуцирани или снимени на Балканот (С Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија и Турција).

(*Ве молиме имајте предвид дека не бараме приказната да биде снимена во регионот.)

Главни критериуми за аплицирање:

– да е долгометражен креативен документарен филм;

– да е во фаза на развој, продукција или постпродукција;

– да е снимен, продуциран или копродуциран во регионот.

Пријавувањето се врши во електронска форма преку пополнување на ФОРМУЛАРОТ.

Рок за пријавување: 15.06.2024

Менторскиот дел за проектите се состои од:

Прва групна сесија (онлајн; крај на јули)

Две менторски сесии (онлајн; почеток на август)

Пичинг сесии и еден-на-еден состаноци (Скопје, 19-20 август)

Достапност и пристап:

Сите сесии ќе се изведуваат на англиски јазик. Освен на јавни настани, програмата не обезбедува индивидуален преведувач за учесниците кои не зборуваат англиски јазик. Авторите на избраните проекти треба да отпатуваат до Скопје за да го претстават својот проект.

Селекција и резултати:

Изборот на доставените проекти ќе го изврши комисија за проценка, земајќи ги предвид критериумите за подобност. Резултатите ќе бидат објавени преку е-пошта и на веб-страницата на „МакеДокс“ не подоцна од 20 јули.

Прикажи повеќе...

Култура

Светскиот виртуоз на виолина Џулијан Рахлин ќе го отвори 64. Охридско лето

Објавено пред

Светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе го отвори годинешното 64. издание на фестивалот Охридско лето. Ова денеска на прес-конференција го најави директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ, објавувајќи ја фестивалската програма за ова издание.

dobivaj vesti na viber

„Годинава, за свеченото отворање на Античкиот театар ви најавувам грандиозен концерт со светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин, еден од највозбудливите и најпочитувани виолинисти, кој ја маѓепсува публиката во целиот свет со својот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација. Славниот виолинист и диригент ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија“, изјави Поповиќ.

Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Света Софија“ и нејзиното предворје, како и Центарот за култура „Григор Прличев“, и годинава ќе бидат локациите на кои ќе се случуваат најголемите уметнички настани од 12 јули до 20 август.

„Од 12 јули до 20 август на отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, предворјето на „Св. Софија“, како и црквата „Св. Софија“ и Центарот за култура, ќе пречекаме над 500 уметници од 24 земји: Србија, Литванија, Словенија, Германија, Австрија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Русија, Чешка, Венецуела, Бразил, Шпанија, Црна Гора, САД, Хрватска, Словачка, Романија, Грција, Кина, Полска, Франција, Белгија и, секако, уметници од Република Северна Македонија“, најави Поповиќ.

Уметничката програма конципирана од селекторката Бисера Чадловска и Сања Арсовска ќе донесе 36 неповторливи доживувања, од кои најголемиот дел од областа на класичната музика, шест театарски креации и по една изложба и промоција на книга.

„И оваа година зачекоривме со голема возбуда, но и со стремеж да го зачуваме реномето на најпрестижна културно-сценска манифестација. Предизвикот да се биде домаќин на уште едно незаборавно издание на фестивалот Охридско лето нè обврза да понудиме квалитет со кој на сцената 64-ти пат ќе одекне магијата на многуте светски музички гласови и творечкиот дух на врвните театарски претстави. Изминатиот период, работејќи посветено и професионално, успеавме да ги завршивме подготовките во делот на програмата. Особено ме радува што и годинава успешно го реализиравме проектот ‘Концерти преку целата година’, со што понудивме исклучително квалитетни настани. Со ваквата новина обезбедивме континуитет во поглед на успешна и квалитетна програма, која ќе му даде обележје на фестивал што ги следи светските трендови“, појасни директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ.

Селекторката на музичката програма, Бисера Чадловска, рече дека секоја година ја конципира програмата на фестивалот Охридско лето според искуството од претходната година.

„Се трудам да ги следам реакциите на публиката и моите сопствени впечатоци и да дојдам до заклучок што недостига и што би можело се промени, додаде или одземе. Оваа година шеесет и четвртото издание на фестивалот на публиката ќе ѝ донесе исклучителна можност да го слушне еден од најпознатите светски виолинисти, Џулијан Рахлин. Уште поинтересно е што тој ќе настапи како диригент и виолинист мзаедно со оркестарот на Македонската филхармонија. Исто така, како селектор на музичката пограма, но, пред сè, како диригент, среќна сум што Македонската филхармонија ќе настапи на отворањето на фестивалот Охридско лето по подолго време, токму во годината кога институцијата одбележува 80 години од своето постоење“, рече Чадловска.

Репертоарот на класичната музика ќе донесе звучни имиња, меѓу кои пијанистот Бери Даглас од Велика Британија, гитаристот Герхарт Рајхенбах од Германија, како и француско-белгиското дуо на виолончело и пијано, Ками Тома и Џулиен Брокал. На програмата ќе биде и светски познатиот гитарист Влатко Стефановски. Роденденот на Охридско лето на Долни Сарај ќе се прославува со спектакуларен настан, со салса-ансамблот „Меркадонегро“.

Годинешното Охридско лето, според драмската селекторка Сања Арсовска, ќе донесе разнолика театарска авантура, разноликост во стиловите, формата, естетиката и драматургијата и, како што рече, на ова издание ќе има три премиерни изведби.

„Првата премиера на Охридско лето ќе се биде на 22 јули со претставата ‘Галеб’ на Битолскиот народен театар, а во режија на Багријана Попов. По ова, на 28 јули, следува уште една премиера на Шекспировата „Кралот Лир“, во продукција на Lit Moon theatre company од Калифорнија, САД, а во копродукција со Финска, Ерменија, Македонија. Претставата е режирана од Џон Блондел. Третата премиера е од театарот „Џинот“ од Велес на 30 јули. Се работи за претставата „Рацин“, работена според делото на нашиот непослушен комунистички романтичар, по драматизација на Сашо Димовски, а режија на Дејан Пројковски“, најави Арсовска.

Покрај премиерите, драмската програма на 64-тото Охридско лето ќе ги донесе и театарските претстави „Безгрешна“ со СНГ драма од Марибор, „Лет над кукавичкото гнездо“ со Драмскиот театар од Белград, стендап-шоу на српскиот и холивудски актер Никола Ѓуричко, како и претставата „Алиса во земјата на стравовите“, во продукција на Југословенскиот драмски театар – Белград, која ќе ја спушти завесата на годинешното фестивалско издание.

На денешната прес-конференција беше претставено и годинешното идејно решение за рекламниот материјал изработено од маркетинг-агенцијата „Идеа плус“. Дизајнот прикажува стилизирана женска фигура, која свири виолина, стоејќи на традиционален охридски чун. Музичките ноти околу фигурата ги симболизираат хармонијата на музиката и природните убавини на Охрид, со фенерот како симбол, кој фестивалот го позиционира како водилка во светот на културата. Изборот на темносината заднина со контури на маски има цел да создаде мистична и спокојна атмосфера потсетувајќи на долгогодишната традиција и на театарот како дел од фестивалот.

И на 64-тото издание нема да изостане поддршката што фестивалот Охридско лето традиционално ја добива од амбасадите на странските земји кај нас. Директорката Поповиќ изрази огромна благодарност до претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова како покровител на манифестацијата, до Владата на РС Македонија, која преку ресорното Министерство за култура вложува во развојот и унапредувањето на културата во државата, до Општина Охрид, како и до генералниот спонзор на Охридско лето, „Македонски телеком“, до другите спонзори, помагателите, до медиумите и сите љубители на уметноста и културните вредности.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Додик сакаше да го бакне Путин три пати, наместо втор бакнеж, претседателот на РС го бакна „воздухот“

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Кликс пишува дека на...

Свет2 часа

Бајден: Нема да го помилувам мојот син доколку биде осуден

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во...

Топ7 часа

Малолетничка нападната кај железничката пруга во Аеродром

Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје, 39-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во близина на железничка...

Топ7 часа

Хаос кај Мрзенци: не застанал на знак за запирање, се обидел да прегази полицаец, а полицаецот пукал во гумата на возилото

Денеска во 02.00 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го...

Топ7 часа

Кривична против полицаец, истепал осуденик во Затвор Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 55-годишниот В.Т. од Струмица, затворски полицаец во Казнено – поправна установа Затвор Струмица, поради...

Македонија10 часа

Мицкоски: Ајде да видиме што направи Грција овие години, нема да бидеме подлизурковци и да се понижуваме самите

Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот Устав и тука нема никаква дилема. Секој што е дел од...

Македонија11 часа

Мицкоски по добивањето на мандатот: Со новата реформска влада ќе нема граѓани од прв и втор ред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес, во претседателската вила го доби мандатот за состав на новата влада и им се...

Македонија12 часа

Силјановска-Давкова го додели мандатот за состав на нова влада: Мицкоски има рок од дваесет дена да ја формира

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска му го додели мандатот за состав на нова влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Според...

Македонија14 часа

Патник во гаќите скрил еден килограм златeн накит, фатен е на Богородица

Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез...

Свет14 часа

Путин до Западот: Бидејќи вие ја вооружувате Украина, можеме и ние да ги вооружиме вашите непријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ги критикува западните земји за снабдување со оружје со долг дострел на Украина предупредувајќи дека Москва...

Регион14 часа

„Сè уште мислам дека не е сè така и дека детето е продадено, ќе видиме како ќе биде до крај“: таткото на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ

Радослав Драгијевиќ, таткото на осомничениот Дејан, беше изненаден од сведочењето на Срѓан Јанковиќ, кој е поврзан со убиството на Данка...

Свет16 часа

(Видео) Се судрија патнички и товарен воз во Чешка: има загинати и повредени

Во сударот на патнички и товарен воз во чешко Пардубице доцна во средата вечерта, најмалку четири лица загинаа, а десетици...

Македонија16 часа

Левицата со поддршка кон жителите од Ореовец против ископот на „Бехтел и Енка“

На протестот на жителите од прилепски Ореовец против ископот на ,,Бехтел и Енка”, Левица повторно даде поддршка. Пратеникот од Левица,...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Демири и Манолева прават роденденска журка во Министерството за здравство, граѓаните три недели чекаат за операции

Власта на СДС и ДУИ го донесе македонското здравство во колапс, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Три недели, како што велат, не...

Македонија16 часа

Силјановска-Давкова ќе му го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе го врачи мандатот за состав на Владата, на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти претседателскиот...

Македонија1 ден

Озан се родил на Гинекологија со 690 грама, а сега си замина дома со 2.400 – херојски ги надминал сите препреки

Во прегратките на своите родители, вчера по шест месеци престој на скопската Клиника за гинекологија, на одделението за интензивна нега...

Македонија1 ден

Мицкоски татковината ќе продолжи да ја нарекува Македонија: Не очекувам талибански однос и цензурирање

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој утре очекува од претседателката Гордана Силјановска-Давкова да го добие мандатот за состав на влада,...

Топ1 ден

Човечко тело извлечено од надојдената вода на вливот на реката Тополка во Вардар

На единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, вчеравечер, конкретно 21.30 часот, имаше пријава од рекреативен риболовец дека е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски најави формирање две нови министерства

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција рече дека поднесува предлог-закон за измена на Законот за организација и работа...

Топ2 дена

Во тешка сообраќајна несреќа загина битолчанец

Вчера во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улицата „Наум Наумовски“ со улицата „Прилепска“ во...