Спорт
„Сити е досаден, Милан се будали, Њукасл ми се гади“
Милан и Њукасл одиграа 0:0, во вторникот, во првиот меч од Лигата на шампионите. Италијанскиот тим имаше 25 удари кон противничкиот гол (Њукасл шест), од кои девет беа во рамките на голот (Њукасл еден).
Натпреварот беше динамичен, особено во првото полувреме, но не беа сите воодушевени од она што го понуди овој меч. Артур Видал упати жестоки критики кон фудбалерите на Милан и Њукалс. Во својата анализа, Чилеанецот не ги поштедени ниту другите клубови.
Чилеанскиот играч за врска и поранешен играч на Интер и Јувентус сега има 36 години под договор е со Атлетико Паранаенсе. Повредата на коленото го оддалечи од тимот, па има време да ги гледа и анализира другите натпревари.
„Го гледав најлошиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите, оној помеѓу Милан и Њукасл. Тие будали од Милано ми предизвикаа болка. Имаат среќа, се што знаат е да трчаат. Не би биле ни во Лигата на шампионите да не беше тоа. Згрозен сум од Њукасл, не го разбирам овој тим. Беше четврти во првенството и мораше да го стави својот живот на коцка за да направи нешто на првиот натпревар. Само ме налути“, рече Видал и коментираше за другите клубови и игри:
„Порто – Шахтјор, тоа беше одличен натпревар. Сити беше досаден, како и секогаш досаден. Ми се допадна второто полувреме од натпреварот помеѓу ПСЖ и Борусија. Заспав во првото”.
Foto/EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

