Спорт
(Видео) Првиот човек на „Епл“ во посета на трофејната соба на Реал Мадрид
Тим Кук, генералниот директор на „Епл“ беше во посета на тренинг-центарот на Реал Мадрид, по што беше воодушевен од погледот на собата на трофеи на „кралскиот“ клуб, посебно колекцијата на титули од Лигата на шампиони.
Кук пристигна во шпанската престолнина по успешнаттат промоција на новиот „Ајфон 15“ во Њујорк, и во Мадрид беше придружуван од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Тој имаше посета да ги види 25-те европски титули на Реал – 14 од фудбалот и 11 од кошарката, за на крајот да добие дрес од клубот.
🤝 The president welcomed @Apple CEO Tim Cook at Real Madrid City.#RealMadrid pic.twitter.com/Gz5NBiv9gh
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) September 23, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Почина легендарниот Бил Волтон
Легендарниот центар, член на Куќата на славните, е роден на 5 ноември 1952 година во Калифорнија. За време на неговата колеџ кариера играше за Универзитетот Ју-Си-Ел-Еј.
Бил Волтон пристигна во Портланд Трејл Блејзерс како прв пик на драфтот во 1974 година. Во текот на кариерата играше за Портланд, Лос Анџелес Клиперс, Бостон Селтикс.
Тој беше двократен шампион НЦАА шампион и двократен шампион во НБА (по една титула освои со Портланд и Бостон).
Волтон беше МВП на финалната серија во 1977 година во дресот на Портланд.
Двапати учествуваше на Ол-стар натпреварите, освои многу индивидуални награди, беше најдобар шести играч во НБА, најдобар во скокови и блокади.
Својата НБА кариера ја заврши со просек од 13,3 поени, 10,5 скока и 3,4 асистенции по натпревар.
Спорт
Емери го продолжи договорот со Астон Вила
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, потпиша нов петгодишен договор со клубот од Бирмингем. Шпанецот ќе остане на „Вила парк“ до 2029 година.
По фантастичната сезона во Премиер лигата, Астон Вила обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а голема заслуга за тоа има шпанскиот тренер.
Унаи Емери (52) пристигна на „Вила Парк“ од Виљареал во октомври 2022 година, кога клубот беше на 17. место во Премиер лигата. Во истата сезона ги предводеше до седмото место, а оваа сезона ја заврши на четвртата позиција зад Манчестер сити, Арсенал и Ливерпул.
Поранешниот менаџер на Севилја, ПСЖ и Арсенал оваа сезона ја одведе Астон Вила до полуфиналето на Конференциската лига во првата европска кампања на клубот од Бирмингем по 13 години.
Спорт
Фабрицио Романо: Челзи има нов тренер
Енцо Мареска (44) наскоро ќе го преземе Челзи, пренесува трансфер инсајдерот Фабрицио Романо. Мареска, пред две недели го врати Лестер во Премиер лигата, а Романо пренесува дека веќе ја прифатил понудата од „Стенфорд Бриџ“.
Италијанецот ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување на уште една година. Остануваше уште клубовите да се договорат околу обесштетувањето. Челзи сака Мареска да го преземе тимот уште оваа недела.
Ова е трета самостојна работа на Мареска на сениорско ниво, откако претходната сезона беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, каде придонесе за освојување на тројната круна.
Претходно раководеше со У-23 тимот на Сити, од кој замина во Парма, но таа епизода беше неуспешна, па набрзо повторно се врати во стручниот штаб на Гвардиола.
Како фудбалер кариерата ја градеше во ВБА, Јувентус, Болоња, Пјаченца, Фиорентина, Севилја, Олимпијакос, Малага, Сампдорија, Палермо и Верона. Тој се пензионираше пред шест години.