Македонија
ЦУК: Иако вчера имаше 10 пожари на отворено, за последните три дена просекот е по 30 дневно

Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 10 пожари на отворен простор и противпожарните тимови сите пожари до утрово ги изгаснале.
Бројката од 10 пожари изгледа мала за разлика од неделата кога имаше и беа изгаснати 45 пожари, односно за викендот, за два дена – во саботата и во неделата имаше и беа изгаснати 71 пожар. Практично, просекот за последните три дена е по 30-ина дневно пожари на отворено на целата територија на државата, велат од ЦУК.
Вчерашните пожари, при што горела сува трева, ниска вегетација, мешана шума и борова шума, биле во општините Долнени, Гази Баба, Липково, Чучер Сандево, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и во општина Крива Паланка.
Вчера, во 17.56 часот. е добиена информација за палење запаливи материјали на улицата Иван Хаџиниколов во близина на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево во општина Кисела Вода. Како последица на пожарот се ширеле густ чад и неподнослива миризба. За оваа ситуација, РЦУК – Скопје веднаш ги известил МВР и Инспекторатот за животна средина на Град Скопје за нивна понатамошна постапка.
Според „Железници на Република Северна Македонија – транспорт“ АД Скопје, поради пожар на отворен простор и опожарување на железничките прагови, железничкиот сообраќај не се одвива на пругата Велес – Битола.
ЦУК апелира до граѓаните, и покрај влажните метеоролошки услови, да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци, дури и во дворовите бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација која сè уште е сува, а е и многу нарасната оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.