Македонија
Петровска за протераните руски дипломати: Работеле спротивно на дипломатските правила, сакале да се вмешаат во национални интереси
Во врска со неодамнешните информации за протерани тројца руски дипломати од државата, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, истакна дека тоа се лица што работеле спротивно на дипломатските правила и сакале, како што рече, да се вмешаат во стратешки национални интереси на нашата држава.
Стратешката цел на државата е членство во НАТО и ЕУ и секој што ќе се обиде да го попречи тој пат не може да ѝ биде пријател на државата, истакна Петровска на прес-конференцијата со словенечкиот министерот за одбрана, Марјан Шарец.
„Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од какви било влијанија, вклучително и вакви злонамерни. Тоа се сите оние влијанија за кои сметаме дека се спротивни на нашите стратешки и национални интереси. Следствено на тоа, сакам да ја поздравам и работата не само на военото разузнавање туку и на другите безбедносно- разузнавачки служби, кои очигледно добро си ја работат својата работа. Закана од таков тип директно кон припадници на министерството или на Армијата не сме детектирале“, порача Петровска.
Петровска појасни дека секој што сака да го попречи европскиот пат на државата не може да биде пријател.
„Нашиот пат, патот на државата, не само на оваа Влада туку на државата во целина, е многу јасен и многупати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој што ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава“, истакна Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

