Свет
Трамп прогласен за виновен, лажел за вредноста на својот имот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма ја надувале вредноста на нивниот имот, пресуди њујоршки судија во тужбата поднесена од државниот обвинител Летиција Џејмс, во која се тврди дека Трамп лажел за вредноста на својот имот.
Според „Ројтерс“, таа одлука на судијата Артур Енгорон од државниот суд во Њујорк во Менхетн ќе ѝ олесни на државниот обвинител Летиција Џејмс да утврди отштета на судењето закажано за 2 октомври. Понатаму, во случај тој да биде прогласен за виновен, тоа значително ќе му отежне на Трамп да работи во земјата.
Енгорон исто така нареди откажување на лиценците, кои дозволуваа некои од компаниите на Трамп, вклучувајќи ја и организацијата „Трамп“, да работат во Њујорк, и нареди да се назначи управител што ќе се справи со распуштањето на компаниите.
Судијата опиша како Трамп, неговите возрасни синови Доналд Јуниор и Ерик, организацијата „Трамп“ и другите обвинети фабрикувале процени и ја надувале нето-вредноста на Трамп за да одговараат на нивните деловни потреби. „Тоа е свет на фантазијата, а не реалниот свет“, напиша Енгорон. Судијата ги казни и адвокатите на обвинетите за изнесување бесмислени правни аргументи.
Трамп и другите обвинети тврдеа дека никогаш не извршиле измама и дека предметните трансакции биле профитабилни. Тие планираат да поднесат жалба на одлуката на Енгорон. Џејмс го тужеше Трамп во десеттиот месец минатата година тврдејќи дека лажел за вредноста на имотот за да добие подобри услови за банкарски заеми, односно работењето на неговите компании.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.