Скопје
Мицкоски: И покрај сите опструкции, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати благодарност до Александар Георгиевски и општина Илинден што даваат, како што вели, „натчовечки напори и покрај сите опструкции што ги имаат од централната власт да реализираат проект повеќе за да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во општина Илинден“.
„Можам да кажам дека овој објект кој градоначалникот го презентираше ќе претставува објект во кој ќе бидат згрижени нашите најмили, дечињата, каде ќе можат да другаруваат и да ги стекнат оние првични основни знаења кои понатаму ќе им бидат важни во нивниот живот и развој како возрасни луѓе.
Навистина овде како општина која квалитетно се развива е потребно место повеќе во градинките, а со ова проширување на овој објект ќе се добие токму такво место каде што ќе можат повеќе десетици дечиња да бидат згрижени и на тој начин и родителите да бидат релаксирани, а тие како што кажав ќе го добијат оние првични знаења кои понатаму ќе им бидат потребни во животот“, рече Мицкоски.
„Бидејќи бргу ќе биде реализиран овој објект до Нова година, однапред кажувам дека не очекувам оваа министерка и министерство ќе обезбедат согласност за вработување на негувателки и воспитувачки, однапред кажувам каков ќе биде политичкиот реваншизам. Но уверувам дека општината од сопствени средства ќе ангажира ако тоа е потребно, но добрата вест е што набргу отсега ќе имаме нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, па ќе можеме да ја релаксираме општината, тие пари да се пренасочат за реализација на други проекти а негувателките и воспитувачките да бидат дел министерството за труд и социјална политика кое ќе биде дел од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и да биде министерство онакво какво што е потребно за сите општини и граѓани, а не само за оние кои се дел од власта, а за оние кои власта за среќа на граѓаните, а за нивна жал нема градоначалници, ќе бидат континуирано репресирани и угнетувани и таму нема да се даваат согласности за вработување. Јас би сакал да ме демантира министерката но убеден сум дека нема да се случи“, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

