Свет
Кинески хакери украле 60.000 имејла на Стејт департментот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/stejt-department.jpg)
Еден од претставниците на американскиот Сенат изјави за „Ројтерс“ дека кинеските хакери успеале да украдат околу 60.000 имејлови од американскиот Стејт департмент.
На почетокот на оваа година кинески хакери веќе извршија слични напади и ја урнаа платформата за е-пошта на „Мајкрософт3.
Овој пат хакерите стигнаа до речиси 60.000 електронски пораки и тие беа украдени од десет сметки на Стејт департментот.
Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие акции.
„Мораме да ја зајакнеме нашата одбрана од вакви и слични сајбер-напади. Такво нешто не смее да се случи во иднина“, изјави во оваа пригода сенаторот Ерик Шмит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Рекордни температури во САД, почина тинејџер: „Се шири екстремен топлотен бран“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/5c4727ee-3662-48df-8a91-843962ef31c7.jpg)
Западниот брег на САД го очекуваат нови температурни рекорди поради топлотниот бран кој го зафати тој дел од земјата, а „жешката купола“ се надвисна и над Аризона и Невада, каде што милиони Американци страдаат од неподносливи горештини.
Околу 36 милиони луѓе, односно околу 10 отсто од населението, се изложени на топлината што ја зафати Калифорнија, објави Националната метеоролошка служба (NWS).
Научните истражувања покажуваат дека климатските промени, предизвикани пред се од прекумерната употреба на фосилни горива, се главниот виновник за екстремните топлотни бранови ширум светот и ќе продолжат да бидат во позадина на опасните временски феномени и во иднина.
Се очекува високите температури да достигнат или надминат дневни рекорди во Калифорнија, северна Аризона, Ајдахо, Орегон и Вашингтон. Во долината на смртта, национален парк долж границата Калифорнија и Невада, NWS предвидува температури до 54 степени Целзиусови, кои би можеле да траат до петок.
Во саботата таму беа измерени 53°C со што беше соборен рекордот стар 17 години. Од жештините загина 17-годишен мотоциклист. Лас Вегас преживуваше на 46 степени Целзиусови, со што го израмни рекордот од 2007 година.
Температурите на некои места се и за 20 степени Целзиусови повисоки од вообичаените за овој период од годината, па во калифорнискиот град Рединг се измерени рекордни 48 степени Целзиусови. „Во тек е екстремен топлотен бран“, предупреди NWS.
Агенцијата предупредува и на зголемен ризик од шумски пожари, имајќи предвид дека воздухот е топол и сув, со постојано присуство на ветер. Доцна во саботата, жителите беа евакуирани од делови на округот Санта Барбара, каде од петокот изгореа 13.000 хектари земја.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на итна акција за да се спречи „климатскиот пекол“. Минатата недела администрацијата на претседателот Џо Бајден го предложи првиот безбедносен стандард за работниците и заедниците од разорните ефекти на екстремната топлина.
Свет
Во жестоките израелски напади врз градот Газа загинаа десетици цивили
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/гфдгд.jpg)
Израелските сили рано утринава го бомбардираа градот Газа, а колони израелски тенкови се движеа кон центарот на градот од различни правци, потврдија жителите на Газа, оценувајќи дека ова е еден од најжестоките израелски напади од 7 октомври 2023 година.
Службата за цивилна заштита на Газа објави дека десетици цивили до кои не можеле да стигнат спасувачките тимови се проценува дека загинале поради континуираните престрелки во населбите Дарај и Туфах на исток и Тел Ал-Хави, Сабра и Римал на запад, пренесува Ројтерс.
Во извештаите се додава дека се уништени бројни цивилни згради и катни згради, како и дека невооружени цивили панично бегаат кон запад, кон патиштата покрај брегот на Средоземното Море.
Регион
Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/fgdg.jpg)
Телата на двајца неидентификувани мажи се пронајдени во запален стан во Нови Сад, на улицата Лаза Телечко, потврди за Танјуг Зоран Круљ, портпарол на Новосадската итна помош.
Пожарникарите го примиле повикот во 9 часот и 10 минути и на терен излегле три возила, а пожарот набрзо бил локализиран.
Се уште не е познато дали мажите се задушиле од чадот или смртта настапила пред пожарот што избувнал на поткровјето на зградата, а неговата причина се уште не е утврдена.