Скопје
Герасимовски: КК „Работнички“ е домаќин и организатор на натпреварите од квалификациската А-група во ФИБА Европа-купот
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во придружба на дел од играчите на КК „Работнички“ ги најави квалификациите за кошаркарскиот ФИБА Евро-куп, кој ќе се одржи во Скопје. Квалификациите започнуваат од 2 до 5 октомври и Македонија ќе ја претставуваат кошаркарските клубови „Работнички“ и „Феникс 2010“.
„Навистина ме радува што нашиот најтрофеен клуб и најголем бренд на Центар повторно ќе заигра на ФИБА Евро-купот. Верувам дека на целата спортска јавност ѝ недостигаат спортски натпревари и моментите на навивање, бодрење и целата таа возбуда и желба за победа. Се надевам дека ‘Работнички’ повторно ќе го врати некогашниот сјај и ќе се врати на победничките патеки“, истакна Герасимовски.
„Работнички“ ќе биде организатор на натпреварот во кој ќе настапи ривалот „Донар Гронинген“ од Холандија, потоа романскиот „Рапид Букурешт“ и „Сахах“ од Азербејџан, кој од неодамна го презеде нашиот тренер Боби Митев.
Општина Центар извести дека како и досега, ќе продолжи да дава поддршка и заедно со сите центарци да го врати КК „Работнички“ на старите победнички патеки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Новите објекти во Кисела Вода се приклучуваат кон системот за централно греење
Новиот директор на „ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија“, Петар Милетиќ, оствари средба со засегнатите страни со цел да се реши прашањето за приклучување кон системот за централно греење во новоизградените и објектите, кои се во изградба на потегот помеѓу булеварот Борис Трајковски и улиците Михаил Чаков, Народни херои и Лазар Димитров.
„Поради неажурноста и неодговорноста на претходното раководство, топловодот не бил реализиран неколку години, но конечно новото раководство наиде на разбирање и решение за овој проблем со изградба на нов секундарен топловод“, велат од ЕСМ.
Се додава дека со изградбата на секундарниот топловод ќе се создадат услови за приклучување кон системот за централно греење. Инвеститорите на објектите во согласност со своите обврски, конечно, ќе може да ја завршат постапката за приклучување на објектите кон системот за централно греење.
Во согласност со одобрението за градење бр. 13-2942/3 од 24.7.2024 година и правосилност од 3.9.2024 година издадено од страна на Општина Кисела Вода, „ЕСM Дистрибуција на топлинска енергија’ ДООЕЛ Скопје ќе почне со изградба на нов секундарен топловод А3.010 од постојна шахта 010 на вод АЗ, делница 005, за планирани објекти според ДУП Ј13 за населбата 11 Октомври, Скопје.
Исто така, како што се додава Милетиќ, во најкус временски период потпиша 27 согласности за испорачување на топлинска енергија во новоизградените објекти.
„Граѓаните може да бидат спокојни. Активностите ќе се изведуваат експедитивно, без застој и навремено, тоа јавно го ветувам“, истакна директорот Милетиќ.
Скопје
Изминатата седмица санкционирани 94 непрописно паркирани возила во општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.09. до 15.09.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 94 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, велат оттаму.
Скопје
Делови од Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Славеј Планина, Кримска, Прохор Пчински и Топаанска (општина Чаир).