Забава
Брус Спрингстин ги одложи сите концерти поради здравствени проблеми
Брус Спрингстин ги одложи сите концерти закажани за оваа година.
Поп-рок легендата (74) имал чир на желудникот.
„Брус Спрингстин полека заздравува по дијагностицирањето чир на желудникот. Закрепнувањето ќе продолжи под медицински надзор до крајот на оваа година. Имајќи го ова на ум и поради потребната претпазливост, сите преостанати настапи во рамките на турнејата на Спрингстин и на ‘Е-стрит бенд’ за 2023 година ќе бидат одложени за 2024 година“, беше објавено на неговата официјална веб-страница.
„Сите концерти ќе се одржат на закажаните места, а кога ќе бидат објавени новите датуми, оние што купиле влезници, имаат рок од 30 дена да побараат враќање на парите. Сите билети за одложените концерти ќе важат и за новообјавените термини“.
Музичарот првично ги одложи концертите за септември, но се чини дека ќе му треба повеќе време да закрепне од болеста. Турнејата што ја почна во Северна Америка минатиот месец требаше да трае до средината на декември.
Брус Спрингстин на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, Данска, на 11 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ај Кју со „Pay the Price“ го продолжуваат музичкиот континуитет
Дуото составено од Бојан и Марија го продолжуваат својот музички пат со песни испеани на англиски јазик, а најнова во низата е песната „Pay the Price“. Музиката и аранжманот е целосно дело на Бојан, а текстот го напишаа заедно со Марија и уште една нивна редовна соработничка од Лондон.
Песната опишува едно типично секојдневие на партнери кои живеат заедно и низ шармантен и духовит начин ги доловува ситуациите кои се предизвици на партнерите.
Песната е снимена во Лондон во студиото во кое творат последните неколку години и на оваа песна ја продолжија соработката со ко-продуцентите од Шведска и Италија.
Забава
(Видео) Враќање во иднината со Јован Јованов и Елвир Мекиќ
Јован Јованов и Елвир Мекиќ повторно ги споија своите гласови и енергија, 16 години откако ја испеаја „Слаба точка“.
Музички позрели од претходно, а сепак со истата страст, тие ја снимија песната „Адреналин“, која ќе биде вистински хит, а ќе почнете да си ја пеете и да играте во нејзин ритам уште на првото слушање.
Премиерата на песната е закажана за 01.11.2025 (сабота) во 15:00 часот.
Забава
Заборавете на црното: овој капут е хит за зимата и тешко е да се победи
Оваа сезона, ќе се оддалечиме од вечниот класик – црниот капут, кој е неопходен дел од зимскиот гардеробер, и ќе носиме таков што е малку потежок за одржување, но ја воздигнува секоја комбинација во студените денови.
Постигнувањето елегантен зимски изглед често се сведува на едно клучно парче облека – совршениот капут. Бидејќи ја дефинира целата силуета, добриот капут ви овозможува да носите речиси сè под него, а сепак да изгледате беспрекорно. Токму затоа модните експерти посветуваат посебно внимание на изборот на идеалниот модел секоја сезона.
Оваа зима, еден стил и една боја особено се издвојуваат и привлекуваат внимание со својата ненаметлива софистицираност, а тоа е кремастиот капут.

Фактот дека капутите во оваа боја се вистински хит го потврдија бројни познати личности, вклучувајќи ги Селена Гомез, Ема Вотсон и други, кои избраа вакви капути за различни пригоди во изминатите неколку недели, а истиот тренд го прифатија и бројни инфлуенсери.
Одлична алтернатива на белата
За разлика од чисто белата, кремастите нијанси нудат помек и потопол изглед и создаваат посуптилен контраст на потемните бои, внесувајќи доза на елеганција што е тешко да се победи.

Секако, клучниот предизвик со овој тренд е одржувањето. Бидејќи кремастите палта се чувствителни на нечистотија, се препорачува да се чуваат за суви денови и посебни пригоди, додека за дождливи и ветровити денови, потемните модели се сепак попрактичен избор.
Свежо, елегантно и несомнено софистицирано, кремастото палто е парче кое веднаш го воздигнува секој зимски гардеробер. Од популарни брендови до дизајнерски класици, понудата е побогата од кога било досега оваа сезона.
фото: принтскрин

