Спорт
Шампионскиот дрес на Чембрлен продаден за речиси 5.000.000 долари
Дресот на Лос Анџелес Лејкерс кој го носеше Вилт Чембрлен за време на финалето на НБА во 1972 година беше продаден на аукција за 4.900.000 долари.
Чембрлен беше од фундаментално значење за успехот на Лејкерс, вклучително и во сезоната 1971/72, кога Лејкерси ги победија Њујорк Никс во големото финале.
Во тогаш во решавачкиот петти натпревар, Вилт и покрај повредата на десната рака забележа неверојатни 24 поени, 29 скока и по осум асистенции и блокади.
Wilt Chamberlain's 1972 NBA Finals Game 5 ‘Championship Clinching’ Game Worn Los Angeles Lakers Jersey sells for $4.9 million at @sothebys.
The jersey received one bid at the reserve price. pic.twitter.com/9xahoBiOlx
— Darren Rovell (@darrenrovell) September 28, 2023
Чембрлен е еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА. Професионалната кариера ја започна во 1958 година, а ја заврши во 1973 година. Освои бројни награди: двапати беше шампион, четири пати најкорисен играч, еднаш МВП на финалната серија и 13 пати беше избран да учествува на Ол-стар натпреварот.
Вилт ја заврши својата дебитантска сезона како МВП и дебитант на годината, подвиг што го постигна само Вес Анселд. Една година пред НБА, тој играше за Харлем Глобтротерс, претходно играше на Универзитетот во Канзас, а беше драфтуван од Филаделфија.
Тој во кариерата во НБА стигна до 31.419 поени, што ќе беше рекорд цели 38 години. Потоа го собори Карим Абдул Џабар, а од минатата сезона рекордер е Леброн Џејмс.
Чембрлен во кариерата имаше просек од 30,1 поен, 22,9 скока и 4,4 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

