Македонија
Ристевски: Сè уште нема разрешница за скандалот на Онкологија, каде завршувале парите и колку граѓани починале поради несоодветен третман
Помина еден месец од монструозниот скандал на Онкологија, а нема ни приближно никаква разрешница. Предистрагата трае и со право граѓаните се сомневаат дека и овој случај ќе заврши како и случаите со „Дурмо турс“, „Беса транс“, модуларната во Тетово, односно дека тој се забошотува, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
„Индициите за овој скандал и злоупотреба на терапијата на болни од канцер во јавноста се говорат најмалку две години наназад. Најпрвин ние како ВМРО-ДПМНЕ, а потоа пред 6 месеци за ова пишуваа и медиумите. Надлежните органи со месеци и години не преземаат ништо, со месеци граѓаните се оставани без терапија, соодветен третман иако тоа им следува како осигуреници“, истакна Ристески.
Тој посочи дека според информации во јавноста, онколошки пациенти, кои починале, и понатаму се воделе на листата за лекување, а за оние што се лекувале сè уште нема дел од потребната терапија, ова остава сомнеж дека терапијата се препродава на црниот пазар.
„Дали странски државјани биле лекувани со цитостатици? Дали малверзациите се причини за милионските долгови на Онкологија? Долговите достигнаа до 20 милиони евра и ова се поклопува со времето кога се воведува скапата терапија, која според информациите достигнува до неколку илјади евра од пациент. Постојат изјави дека на пациентите им бил даван само физиолошки раствор, а потребната терапија биле препродавана. Министерството и министерот треба да одговорат кој дозволил незаконско дејствување во третманот на пациентите? Зошто најсовремената терапија не е на позитивната листа? Во чии џебови се парите и дали има лоцирана одговорност. Колку граѓани поради несоодветен третмани ги изгубиле своите животи? Одговорноста мора да има име и презиме, но мора да има и политичка одговорност. Министерот требаше веднаш да поднесе оставка“, порача Ристески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари ама со променет статус во „економски работници“
„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските медиуми потврда за тоа. По моделот на Вучиќ со литиумот во Србија ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со иста техника сакаат да го спроведат проектот мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
„Пакетот содржи и договор за кредит. Во државата нема пари, нема за пензии, плати, социјална помош, породилно, нема за поврат на ДДВ…моментално дупката е 1 милијадра евра.
Мигранти за пари во Македонија ама во јуни, после избори, тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ. А што друго содржи тој план, најави Милошовски вчера во интревју на една наша национална Телевизија. Странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти, вели Милошоски.
Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Очигледно затоа им ветуваат работа и сместување, односно постојан престој.
Исто така и Мицкоски пред некој ден рече „нелегални“ мигранти, па да, затоа што овие ќе бидат „легални“.
На овој начин ќе ги претстават мигрантите за кои веќе се договориле. ВМРО-ДПМНЕ веќе бара редефиниција за мигрантите, само да не се нарекуваат мигранти.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата. Одбраната на Македонија започна! Нема да ви дозволиме! Борбата продолжува!“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.

